6.Верата која оправдува

Сподели го ова:

6. лекција Сабота, 11. ноември 2017.

Верата која оправдува

„Нели со дела беше оправдан Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак? Гледаш ли дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена? И се изврши Писмото, кое вели: „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност”, и тој се нарече – пријател Божји.“ – Јаков 2,21-23.

„Верата која оправдува секогаш прво доведува до вистинско покајание, а потоа добри дела, кои се плод на таа вера.“ – Our High Calling, p. 52.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Selected Messages, bk. 1, pp. 377–382.

Недела 5. ноември

1. ИЗНЕСУВАЊЕ НА ОПАСНИ ИДЕИ

а. Кој неурамнотежен поглед во прикажувањето на верата и делата слугинката Господова настојувала да го исправи?

„Присуствував на состанокот на кој имаше насобрано многу луѓе. Во мојот сон ти го изнесуваше предметот на верата и припишаната Христова праведност преку верата. Неколку пати повтори дека делата не значат ништо и дека тие не се никаков услов. Тој предмет беше изнесен на таков начин така што знаев дека луѓето ќе бидат збунети и нема да добијат вистинска слика во однос на верата и делата и затоа решив да ти пишам. Ти премногу исклучително ја изнесуваш оваа материја. Постојат услови под кои можеме да примиме оправдување и посветување и Христовата праведност. Јас знам што ти сакаш да кажеш, но на многу умови оставаш погрешен впечаток. Иако добрите дела нема да спасат ниедна душа, сепак е невозможно дури и една душа да биде спасена без добри дела.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 377.

б. Каква светлина можеме да добиеме од Библијата во врска со условите за вечен живот? Матеј 19,16.17.20.21.

Понеделник 6. ноември

2. НЕЕФЕКТИВНОСТА НА НЕФОРМАЛНАТА ВЕРА

а. Како Павле објаснува дека неформалната вера на Божјите следбеници не е доволна? Римјаните 10,2.3. Каква вера им е потребна? Римјаните 10,10.

„Верата која доведува до спасение не е една формална вера, тоа не е само согласност на умот, тоа е верување вкоренето во срцето кое го прифаќа Христа како личен Спасител, увереност дека може да ги спаси сите што доаѓаат кај Бога преку Него. Да веруваш дека Тој ќе ги спаси другите, но не и дека ќе те спаси тебе, не е вистинска вера.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 391.
„Припишувањето на Христовата праведност доаѓа преку вера која оправдува, и ова е оправдувањето за кое Павле толку сериозно се трудел.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 397.

б. Што покажува дали имаме само неформална вера или вера која оправдува? Јаков 2,18.

„Иако (верникот) е оправдан заради Христовите заслуги, не му е дозволено да чини неправда. Верата работи со љубов и ја чисти душата. Верата пупи и цвета и донесува жетва од драгоцени плодови. Таму каде има вера, се појавуваат добри дела. Болните се посетуваат, сиромашните се згрижуваат, сираците и вдовиците не се запоставени, голите се облечени, сиромашните се нахранети. Христос одел и правел добро, и кога луѓето се обединети со Него, тие ги љубат Божјите деца, а кротоста и вистината ги управуваат нивните чекори. Изразот на лицето го открива нивното искуство, а луѓето знаат дека тие биле со Исус и се научиле од Него. Христос и верникот стануваат едно, и Неговата убавина на карактерот се открива во оние кои се живо поврзани со Изворот на моќта и љубовта. Во Христа се наоѓа богата ризница на праведност коа оправдува и милост која посветува.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 398.
„Постојат многу луѓе кои имаат легална, формална вера. Тие номинално го прифатиле Христа како Спасител на светот, но тие немаат докази во нивните срца дека Тој е нивниот личен Спасител, дека им ги простил гревовите, дека имаат жива врска со Бога изворот на сета светлина. Не можете да ги учите другите за Исуса и Неговата праведност, не можете да ја прикажете Неговата неспоредлива љубов и полнотата на Неговата благодат, не можете да го претставите како христијанин во целина, како Утешител и водич на човекот, освен ако вашето срце не е исполнето со Неговата љубов. Не можете да бидете во состојба да го претставите како Бог на сочувство и љубов освен ако не можете да кажете: ‘Вкусив и знам дека Господ е добар’.“ – The Signs of the Times, September 2, 1889.

Вторник 7. ноември

3. ВЕРА КОЈА ОПРАВДУВА

а. Кога грешникот е оправдан со вера? Во каква состојба треба да ја одржи душата? Дела 16,30.31.

„Вие сте ги признале своите гревови и во срцето сте решиле да ги отфрлите. Сте донеле одлука да му се предадете на Бога. Појдете сега кај Него, молете Го да ги измие вашите гревови и да ви даде ново срце.“ – Патот кон Христа, 49.

„Кога грешникот што се кае скрушено пред Бога, признавајќи го Христовото помирување во негово име, и го прифаќа ова помирување како негова единствена надеж во овој и во идниот живот, неговите гревови се простени. Ова е оправдување со вера. Секоја душа која целосно ќе ја сообрази својата волја со Божјата, која искрено се кае и верува во откупителните заслуги на Спасителот, напредува од сила во сила, од слава во слава.“ – Bible Commentary, vol. 6, p. 1070.

б. Како апостол Павле ја опишува верата која овозможува оправдување? Галатјаните 5,6.

„Спасоносната вера е зделка преку која оние кои го примаат Христа, стапуваат во заветен однос со Бога. Вистинската вера е живот. Живата вера тоа е зголемување на животната сила, тоа е доверба со помош на која душата станува победоносна сила.“ – Копнежот на вековите, 347.

в. Што ќе направи оваа вера за оној кој ја поседува? Матеј 21,21.

„Кога душата ќе го прифати Христа како единствена надеж за спасение, тогаш се покажува вистинска вера. Таа вера го наведува оној кој ја поседува сите склоности на својата душа да ги предаде на Христа; неговото разбирање е под контрола на Светиот Дух, а неговиот карактер се обликува според божественото подобие. Неговата вера не е мртва вера, туку вера која работи со љубов и го наведува да ја согледа Христовата убавина и да се стопи со божествениот карактер.“ – Selected Messages, bk. 1, pp. 391, 392.

Среда 8. ноември

4. ПРИМЕР НА ВЕРА КОЈА ОПРАВДУВА

а. Што докажува дека Аврам поседувал не само неформална вера туку вера која оправдува? Јаков 2,21-23.

„Апостол Јаков видел дека ќе се појават опасности при презентирањето на предметот на оправдување со вера, и тој се трудел да докаже дека вистинската вера не може да постои без соодветни дела. Го истакнал искуството на Аврам. ‘Гледаш ли’ – кажува тој – ‘дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена’. Така вистинската вера го наведува верникот да чини и добри дела. Верата и послушноста донесуваат вистински и драгоцени искуства.

Постои вера која не е спасувачка вера. Божјата реч вели дека и злите духови веруваат, а треперат. Таканаречената вера која не работи со љубов и не ја чисти душата, никого нема да оправда… Авраам му верувал на Бога. Како знаеме дека верувал? Неговите дела сведочеле каков е карактерот на неговата вера, и неговата вера му била пресметана во правда.“ – The SDA Bible Commentary, vol. 7, p. 936.

б. Кои јасни упатства Исус честопати ги повторувал, дури и на оние кои откриле дека биле оправдани со вера? Јован 5,14.

„Верата која нѐ доведува во жив допир со Христа од наша страна мора да вклучува најголема наклонетост, целосна посветеност и совршена доверба. Оваа вера работи со љубов и ја чисти душата. Таа во животот на Христовиот следбеник доведува до вистинска послушност кон Божјите заповеди; резултатот на живата врска со Христа ќе биде љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 334.
„Додека Бог работи во срцето, а човекот му ја предава својата волја на Бога и соработува со Него, во неговиот живот се покажува она што Бог го прави од страна на Светиот Дух и постои хармонија меѓу намерите на срцето и животните постапки. Секој грев мора да биде отфрлен како одвратно нешто кое го распнало Господа на животот и славата, и верникот мора да има искуство на постојано напредување, постојано чинејќи Христови дела. Благословот на оправдувањето се задржува со постојано предавање на волјата и постојана послушност.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 397.

Четврток 9. ноември

5. ИЛУСТРАЦИИ НА ВИСТИНСКА ВЕРА

а. Што трговецот бил подготвен да жртвува за да го добие вистинскиот бисер? Што е претставено со вистинскиот бисер? Матеј 13,45.46.

„Христовата праведност, како чист, сјаен бисер, нема недостиг, нема дамки. Никакво човечко дело не може да го усоврши големиот и скапоцениот Божји дар, зашто тој е без мана. Во Христа се ‘скриени сите богатства на мудроста и на знаењето’ (Колосјаните 2,3).“ – Христовите очигледни поуки, 115.

б. Зошто мнозина не го наоѓаат овој прекрасен бисер, Христовата праведност? Откровение 3,17.

„Постојат луѓе кои навидум постојано го бараат небесниот бисер, но не се откажале наполно од своите лоши навики. Тие не си умираат себеси за да може Христос да живее во нив и затоа не го наоѓаат својот скапоцен бисер; уште не го совладале несветото славољубие и својата склоност кон световните привлечности, не го зеле на себе својот крст ниту пошле по Христа по пат на самооткажување и жртва. Речиси христијани, но не наполно христијани, тие навидум се близу до небесното царство, но не успеваат да влезат во него. Речиси, но не и потполно спасен, значи не речиси, туку потполно загубен.“ – Христовите очигледни поуки, 118.

Петок 10. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Иако не сме спасени од страна на нашите дела, што ќе биде видливо во животот на оној кој е оправдан со вера?
2. Што ја покажува разликата помеѓу вистинската вера и неформалната вера?
3. Што ќе направи вистинската вера за оној што ја поседува?
4. Каква важна врска постои помеѓу верата и делата?
5. Која голема опасност ги демне оние кои изгледаат како христијани?

Сподели го ова:

Слични објави