13.Пораката на третиот ангел во реалноста
13. лекција Сабота, 30. декември 2017.
Пораката на третиот ангел во реалноста
„И во устата нивна измама не се најде; тие се непорочни пред престолот Божји.“ – Откровение 14,5.
„Некои ми пишуваа, прашувајќи дали веста за оправдување со вера е третата ангелска вест, и јас одговорив: ‘Да, тоа е неспорно веста на третиот ангел’.“ – The Review and Herald, April 1, 1890.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: The Faith I Live By, pp. 209–215.
Недела 24. декември
1. ОБНОВУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ВИСТИНИ
а. Која е надежта на евангелието и како таа е поврзана со тројната порака од Откровение 14,6-12? Откровение 14,6; Колосјаните 1,23,26-28.
„Христос со длабок копнеж очекува да се покаже во својата црква. Кога Неговиот карактер совршено ќе се обнови кај неговиот народ, тогаш Тој ќе дојде да ги признае и побара како своја сопственост.“ – Христовите очигледни поуки, 69.
б. Која важна доктрина беше обновена во текот на второто адвентно движење? Какви станале овие луѓе? Исаија 56,1.2; 58,12.
„Господ ни испрати пораки за ова време за да се зацврсти христијанството на вечни темели, и сите кои веруваат во сегашната вистина мораат да стојат, не во сопствената мудрост, туку во Бога; и да ги подигнат ‘основите на многу поколенија’. Таквите во небесните книги ќе бидат регистрирани како обновители на урнатини и обновители на патишта за населби. Ние треба да се држиме до вистината затоа што е вистина, и покрај најогорчените противења. Бог ќе работи врз човечките умови; тоа дело не може да го оствари човекот сам. Голема просветлувачка моќ доаѓа од Христа; блескавиот сјај на Неговиот пример треба да се истакнува пред народот во секоја проповед и во секоја расправа.“ – The SDA Bible Commentary, vol. 4, p. 1152.
Понеделник 25. декември
2. ЕДИНСТВОТО НА ВЕРАТА
а. Кои дарови ги оспособуваат вистинските адвентни верници да ги распознаваат особените вистини за ова време? 1 Коринтјаните 12,28.
„Бог изведува еден народ од светот врз возвишената платформа на вечната вистина, Божјите заповеди и верата Исусова. Тој ќе го дисциплинира и ќе го навикне на ред. Тој нема да биде во неслога, еден да верува во едно, а друг да има вера и ставови сосема спротивни, ниту ќе одат независно од телото. Преку разновидните дарови и водството кое Бог го воспоставил во својата црква, сите ќе дојдат до единство во верата. Ако некој се држи до своето мислење за библиската вистина без оглед на мислењето на неговите браќа, и го оправдува својот став, наведувајќи дека тој има право на свое лично мислење, а потоа го наметнува врз другите, како може да ја исполни Христовата молитва.“ – Testimonies to Ministers, pp. 29, 30.
б. Како единството во црквата влијае на нашето сведочење за вистината? Јован 13,35.
„Единството во црквата врши свесно влијание врз оние кои веруваат и кои живеат световно.“ – That I May Know Him, p. 153.
„Нашето единство и љубовта кон другите се акредитиви со кои му сведочиме на светот дека Бог го испратил својот Син да ги спаси грешниците.“ – This Day With God, p. 120.
в. Што би било можно ако верниците со целосна вера го прифатиле дарот на Христовата праведност? Ефесјаните 4,13.
„Токму Светиот Дух, Утешителот, кој Исус рекол дека ќе го испрати на светот, го менува нашиот карактер во Христов лик; и кога тоа се остварува, ние ја одразуваме како во огледало славата на Господ. Тоа значи дека карактерот на оној кој на таков начин гледа на Христа е толку сличен на Неговиот, така што луѓето посматрајќи го него го гледаат Христовиот карактер кој се одразува како во огледало. Незабележително за нас самите ние се менуваме од ден на ден и своите патишта и својата волја ги претвораме во Христови патишта и волја, во привлечноста на Неговиот карактер. Така ние растеме во Христа и несвесно го одразуваме Неговиот лик.“ – The Review and Herald, April 28, 1891.
Вторник 26. декември
3. СУД
а. Каква значајна сцена му била покажана на пророкот Даниел, и кога започна? Како Христовата служба се поврзува со тоа? Даниел 7,9.10.13.14; 1 Јованово 2,1; Даниел 8,14.
„…А тоа на небесните облаци како да идеше Синот човечки, дојде до Старецот и застана пред Него. И Нему Му се даде власт, слава и царство, за да Му служат сите народи, племиња и јазици; владението Негово е владение вечно, кое нема да измине, и царството Негово нема да се разруши“ (Даниел 7,13.14). Христовото доаѓање што е опишано овде не е Неговото второ доаѓање на земјата. Тој доаѓа пред Старецот на небото да прими власт, слава и царство што ќе му бидат дадени на крајот на Неговата посредничка служба. Ова доаѓање, а не Неговото второ доаѓање на земјата, според пророштвото ќе се случи на крајот од 2300 години, односно во 1844. година. Во придружба на небесните ангели, нашиот Поглавар свештенички влегол во светињата над светињите и таму дошол пред Бога да го изврши последниот дел на Својата служба за луѓето – да го изврши делото на истражниот суд и да изврши помирување за сите што се најдени достојни за Неговата милост.“ – Големата борба, 480.
б. Ако сме ја прифатиле Христовата припишана правда и сме живееле со силата на Неговата доделена правда, како ќе стоиме на овој суд? Проповедник 12,14; Матеј 12,36.37.
„Покрај имињата на оние кои вистински се покајале за своите гревови и кои со вера ја признале Исусовата крв како своја жртва на исчистување, во небесните книги ќе биде забележано ‘проштавање’. Бидејќи станале учесници во Христовата правда и се утврдило дека нивниот карактер е во хармонија со Божјиот закон, нивните гревови ќе бидат избришани, а тие прогласени достојни за вечен живот…
Гревовите за кои не сме се покајале и кои не сме ги напуштиле, нема да бидат простени и избришани од книгата, туку на денот на Божјиот суд ќе бидат сведоци против грешникот. Без оглед на тоа дали човекот своите лоши дела ќе ги направи среде бел ден или во мрак среде ноќ, тие се откриени пред Оној пред кого сите мораме да дадеме сметка. Божјите ангели го виделе секој сторен грев и го запишале во непогрешните книги. Гревот може да се негира, да се скрие, пред таткото, пред мајката, пред жената, пред децата и пред пријателите. Можеби никој, освен грешникот, нема поим за вината, но пред небесните суштества ќе биде сѐ откриено… Луѓето со расипано срце можат да измамат човек, но Бог проникнува во секое лицемерство и го познава целиот внатрешен човеков живот.“ – Големата борба, 483.486.
Среда 27. декември
4. БРИШЕЊЕ НА ГРЕВОТ
а. Што е откриено за состојбата и карактерот на оние кои се посветени во ова време на запечатување? Откровение 14,1-5.
„Во тие чисти облеки на Христовата правда ќе се облечат искушаните и испитани, но верни Божји деца. Презрениот остаток ќе биде облечен во величествен костум, кој никогаш повеќе нема да го извалкаат со расипаноста на овој свет. Нивните имиња се запишани во книгата на животот на Јагнето, запишани меѓу имињата на верните од сите времиња. Тие се бореле против лукавството на сатаната, и не се одрекле од својата вера заради рикањата на змевот. Сега засекогаш се спасени од сите лукавства на сатаната.“ – 5 Сведоштво, 475.
б. Која прекрасна замена се одвива во небесното светилиште за време на судот на умрените праведници, а потоа и на живите праведници? Дела 3,19.
„Видов дека мнозина ја занемаруваат толку потребната подготовка очекувајќи дека ‘освежувањето’ или ‘доцниот дожд’ ќе ги оспособи да опстанат во Господовиот ден и да живеат во Негово присуство. О, колку ли само видов од нив во времето на неволјите без Божја заштита! Тие ја занемаруваат потребната подготовка, па затоа нема да можат да го примат ‘освежувањето’ кое сите мораат да го примат за да можат да живеат во присуството на Светиот Бог.“ – Рани списи, 71.
в. Во каква духовна состојба мораме да бидеме кога Исус ќе дојде? Евреите 12,14; 2 Петрово 3,14.
„’Затоа, возљубени, додека го очекувате тоа, погрижете се пред Него да излезете спокојни, неосквернети и непорочни’ (2 Петрово 3,14). Ова е стандардот кон кој секој христијанин треба да се стреми, не по својата природна способност, туку преку благодатта обезбедена од Исус Христос. Да се бориме да го совладаме секој грев и да бидеме способни да го запреме секој нестрплив, раздразлив збор.“ – Our High Calling, p. 235.
„Сатаната не можел да најде во Божјиот Син ништо што би му овозможило да извојува победа над Него. Исус ги одржал заповедите на својот Отец и кај Него немало грев со кој сатаната би можел да се послужи во своја корист. Тоа е состојба во која мора да се најдат сите што сакаат да се одржат во времето на големата неволја.“ – Големата борба, 623.
Четврток 28. декември
5. ПРАВЕДНИ ПОБЕДНИЦИ
а. Кое свечено предупредување е дадено за да Божјиот народ се сочува од измамите на последните денови? Каква одговорност имаат оние кои го имаат ова знаење? Откровение 14,9-11; Езекиел 33,2-4.
„Пораката на третиот ангел треба да се смета за најзначајна. Тоа е прашање на живот или смрт. Впечатокот која пораката ќе ја остави на слушателите ќе биде пропорционална со сериозноста и свеченоста со која се објавува.“ – SDA Bible Commentary, vol. 7, p. 980.
б. Што е запишано за оние кои се победници и на тој начин се подготвени да се сретнат со Исус при Неговото второ доаѓање? Откровение 14,12.
„Припадниците на Божјиот признат народ – оние кои биле сведоци на оваа земја за нивната лојалност. Кои се тие? Тоа се оние кои ги држат заповедите на Бога и го имаат сведоштвото на Исус Христос; оние кои распнатиот Христос го признаваат како свој Спасител.“ – SDA Bible Commentary, vol. 7, p. 981.
„Не е доволно да се верува за Христа; ние мораме да веруваме во Него. Единствена вера која ни користи е верата која Го прима како личен Спасител, која ги присвојува Неговите заслуги. Многумина сметаат дека верата е начин на размислување. Спасоносната вера е зделка преку која оние кои го примаат Христа, стапуваат во заветен однос со Бога. Вистинската вера е живот. Живата вера тоа е зголемување на животната сила, тоа е доверба со помош на која душата станува победоносна сила.“ – Копнежот на вековите, 347.
Петок 29. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Во која смисла ние треба да ги „обновуваме урнатините“?
2. Зошто е толку важно да постои единство во црквата? Како е ова можно?
3. Во каква состојба мораме да бидеме за да ни бидат избришани гревовите?
4. Како можеме да го достигнеме стандардот на карактерот кој Бог го бара?
5. Зошто не е доволно да поверуваме во Христа? Што тоа значи?