12.Потполни во Христа

Сподели го ова:

12. лекција Сабота, 23. декември 2017.

Потполни во Христа

„Да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт.“ – Колосјаните 2,10.

„Со вера во Христа може да се отстрани секој недостаток во карактерот, да се исчисти секоја дамка, да се поправи секоја мана и да се развие секоја доблест.“ – Воспитување, 257.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Ум, карактер и личност, Том 1, 23-37.

Недела 17. декември

1. ПОВИКАНИ НА СОВРШЕНСТВО

а. На што сме повикани од Исуса да бидеме во овој свет? Матеј 5,48.

„Божјиот идеал за Неговите деца е повозвишен отколку што може да досегне највозвишената човечка мисла. ‘Бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.’ Таа заповед е и ветување. Планот на откупување го прави возможно нашето целосно избавување од силата на сатаната. Христос секогаш ја одвојува покајничката душа од гревот. Тој дошол да ги уништи делата на сатаната и овозможил Светиот Дух да биде даден на секоја покајничка душа за да ја чува од грешење.“ – Копнежот на вековите, 311.

б. Со чиј лик нашите животи треба да бидат совршено усогласени? Римјаните 8,29.

„Идеалниот христијански карактер е сличен на Христовиот. Како што Синот Човечки бил совршен во Својот живот, така и Неговите следбеници треба да бидат совршени во својот живот. Исус во сѐ бил создаден слично на своите браќа. Станал тело, како што сме и ние. Бил гладен, жеден и уморен. Се одржувал со храна и се окрепувал со сон. Ја делел судбината на човекот, но сепак, бил безгрешен Божји Син. Бил Бог во тело. Неговиот карактер треба да биде наш.“ – Копнежот на вековите, 311.

Понеделник 18. декември

2. ЦЕЛОСНИ ВО ИСУСА СЕГА

а. Какво охрабрување ни се дава откако ќе доживееме простување на гревот и ново раѓање? Колосјаните 2,10.

„Ние никогаш не можеме да постигнеме совршенство со нашите добри дела. Душата која со вера гледа во Исуса ја отфрла својата праведност. Таа себеси се смета за несовршена, нејзиното покајание недоволно, својата најсилна вера како слаба, својата најдрагоцена жртва скромна, и понизно паѓа на колена во подножјето на крстот. Но, гласот му говори од ризниците на Божјото Слово. Изненадена ја слуша пораката: ‘вие сте исполнети во Него’ (Колосјаните 2,10). И така душата го наоѓа својот мир. Веќе не мора да се стреми да најде некоја способност во себе, некое заслужено дело со кое би стекнала Божја наклонетост.“ – Faith and Works, pp. 107, 108.

б. Бидејќи оправдани со вера, во каква состојба треба да продолжиме да одиме? Колосјаните 4,12 (последен дел).

„Господ Исус делува преку Светиот Дух; зашто е негов претставник. Преку Него го внесува духовниот живот во душата, оживувајќи ги нејзините сили на добро, чистејќи ја од морална нечистотија и правејќи ја погодна за Неговото царство. Исус има на располагање големи благослови кои сака да ги излие, богати дарови кои сака да ги раздели на луѓето. Тој е прекрасен советник, бескраен во мудрост и сила; и ако ја признаеме силата на Неговиот Дух, ќе бидеме совршени во Него. Каква мисла е ова! Во Христа ‘живее сета полнота на Божеството, и вие сте исполнети во Него’ (Колосјаните 2,9.10).“ – Our High Calling, p. 152.

в. Што Христос, како наш Посредник, никогаш не престанува да го прави за оние кои престојуваат во Него преку вера? Евреите 7,25 (последен дел).

„Исус стои во небесната светиња над светињите и пред Отецот се залага за нас. Ниеден момент Тој не престанува потполно да се поистоветува со својот народ, чии интереси ги застапува пред Отецот, не смееме да се осмелиме, премногу сметајќи на Неговата милост, да станеме безгрижни, рамнодушни и самодоволни, Христос не е слуга на гревот. Ние сме потполни во Него, прифатени во Возљубениот, само додека пребиваме во Него преку вера.“ – Faith and Works, pp. 107.

Вторник 19. декември

3. ПРИФАТЛИВА ПОСЛУШНОСТ ДЕНЕС

а. Која суштинска вистина треба да ја разбереме во нашите напори да му удоволиме на Бога? Филипјаните 2,12.13.

„Оној кој се обидува да го достигне небото со сопствените дела, се обидува нешто невозможно. Човекот не може да се спаси без послушност, но неговите дела не треба да се само негови; Христос треба да работи во Него да сака и да чини според Неговата волја. Ако некој може да се спаси со своите дела, би можел во себе да најде некаква причина за радост. Напорот што човекот го прави со сопствената сила да го добие спасението, е претставен со приносот на Каин. Сѐ што човек може да направи без Христа е загадено со себичност и грев; но она што се чини преку верата е прифатливо за Бога. Кога се обидуваме да го добиеме небото преку Христовите заслуги, тогаш душата напредува. Гледајќи на Исуса, Иницијаторот и Завршителот на нашата вера, можеме да напредуваме од сила во сила, од победа во победа; зашто преку Христа Божјата благодат го изработила нашето целосно спасение.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 364.

б. Чии напори и верски служби не можеле да бидат прифатени од Бога, и зошто? Лука 18,11.12.

в. Како нашите добри дела се единствено прифатливи за Бога? Евреите 7,25.

„Верските служби, молитвите, пофалбите, покајничките признавања на гревот се издигаат од вистинските верници како темјан до небесната светиња, но минувајќи низ расипаните канали на човештвото, тие се толку осквернети што, ако не се прочистат со крв, никогаш нема да имаат никаква вредност пред Бога. Тие не се издигаат во беспрекорна чистота, и ако Посредникот, кој е од десната страна на Бога, не ги очисти и претстави преку Неговата праведност, тие се неприфатливи за Бога. Сите темјани од земните скинии мора да бидат навлажнети со капките на Христовата крв која чисти. Тој пред Отецот ја држи кадилницата на Неговите заслуги во која нема никаква дамка на земска расипаност. Во таа кадилница Тој ги собира молитвите, пофалбата и исповедта на својот народ, и со ова Тој ја става Неговата беспрекорна праведност. Потоа, намирисан со заслугите на Христовата жртва, темјанот доаѓа совршен и прифатлив пред Бога. Тогаш добиваме назад милостиви одговори.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 344.

Среда 20. декември

4. ДА СЕ БИДЕ СОВРШЕН ДЕНЕС

а. Престојувајќи во Христа, со целосна увереност дека сме прифатени пред Бога, што треба да правиме сега? Евреите 6,1.

„Никогаш не можеме да го видиме нашиот Господ во мир, освен ако нашите души се беспрекорни. Мораме совршено да го одразуваме Христовиот лик. Секоја мисла треба да се потчини на Христовата волја. Како што големиот апостол рекол, мораме да дојдеме ‘до полната мерка на Христовиот раст’ (Ефесјаните 4,13). Никогаш нема да дојдеме до оваа состојба без искрени напори. Ако сакаме да го достигнеме совршенството на христијанскиот карактер, мораме секојдневно да се бориме против надворешното зло и внатрешниот грев.“ – Selected Messages, bk. 3, p. 148.

б. Во нашите најдобри напори како верници да бидеме послушни на Бога, каде лежи нашата способност да го извршиме тоа? 2 Коринтјаните 3,5.

„Христос е наш образец, совршен и светол образец кој ни е даден да го следиме. Никогаш не можеме да се изедначиме со образецот; но можеме да го имитираме и да го следиме според нашите способности.“ – Ye Shall Receive Power, p. 369.
„Кога во срцето се наоѓа желба за послушност на Бога, кога се вложуваат напори во оваа насока, Исус ја прифаќа оваа намера и напорот како најдобро нешто што човекот може да понуди, и со својата божествена заслуга го надоместува недостатокот.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 382.
„Исус ги сака своите деца, дури и ако грешат… Тој будно ги набљудува, и кога тие даваат сѐ од себе, повикувајќи го Бога да им помогне, бидете сигурни дека таквата служба, иако несовршена, ќе биде прифатена.“ – Selected Messages, bk. 3, p. 195.196.

в. Додека напредуваме кон совршенство, што Светиот Дух излева во нашето срце? Што тоа ќе нѐ наведе да направиме? Римјаните 5,5; 1 Јованово 3,18.

„Совршенството на христијанскиот карактер се постигнува само со постојан стремеж на христијанинот да им помогне на другите и да им послужи на благослов.“ – Делата на апостолите, 551.
„Таму каде има вера, се појавуваат добри дела. Болните се посетуваат, сиромашните се згрижуваат, сираците и вдовиците не се запоставени, голите се облечени, сиромашните се нахранети. Христос одел и правел добро, и кога луѓето се обединети со Него, тие ги љубат Божјите деца, а кротоста и вистината ги управуваат нивните чекори.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 398.

Четврток 21. декември

5. НАШАТА СИГУРНОСТ ВО СПАСЕНИЕТО

а. Колку е целосно простувањето на гревовите кое се нуди на грешникот кој се кае? 1 Јованово 1,9.

„Преку жртвата направена во наше име, гревовите можат целосно да ни бидат простени. Ние не зависиме од она што човек може да направи; нашата доверба е во она што Бог може да направи за човекот преку Христа. Кога ќе се предадеме целосно на Бога, и целосно веруваме, Христовата крв нѐ чисти од сите гревови. Совеста тогаш може да биде ослободена од осуда. Преку вера во Неговата крв, сите можеме да бидеме совршени во Христа Исуса. Фала му на Бога што тука се работи за работи кои се возможни. Можеме да здобиеме посветување. Можеме да уживаме во Божјата наклоност. Ние не треба да бидеме загрижени околу тоа како Христос и Бог гледаат на нас, туку треба да мислиме за тоа како Бог гледа на Христа, нашиот Заменик… На оној кој се кае и верува Господ му покажува како Христос го прифаќа предавањето на душата, која ќе ја обликува и украси да биде налик на Неговата.“ – Selected Messages, bk. 2, p. 32.33.

б. Каква сигурност имаме во Божјата способност да нѐ спаси од силата на гревот денес? Јуда 24; Филипјаните 1,6.

„Кога Христос владее во душата, таа е чиста, слободна од гревот. Во животот тогаш во потполност се открива славата и совршенството на евангелскиот план. Примањето на Спасителот во срцето внесува совршен мир, совршена љубов, совршена сигурност. Убавината и мирисот на Христовиот карактер откриени во животот сведочат дека Бог навистина го испратил својот Син во светот да биде негов Спасител.“ – Христовите очигледни поуки, 420.

Петок 22. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објаснете како зборовите „бидете и вие совршени“ претставуваат и заповед и ветување?
2. Зошто Христовото посредување е толку важно за нас денес?
3. Што е потребно сите наши дела да бидат прифатливи за Бога денес?
4. Да се биде совршен денес, што тоа практично значи за верникот?
5. Како денес можеме да имаме совршена сигурност за нашето спасение?

Сподели го ова:

Слични објави