Глава 43 Повозвишено искуство

Нам ни е постојано потребно свежо откровение за Христа и секојдневно искуство во согласност со Неговите учења. На дофат ни стојат возвишени и свети спознанија. Божја цел за нас е постојан напредок во знаењето и доблеста. Неговиот закон е одек на Неговиот глас, Кој сите ги поканува: „Дојди повисоко. Биди свет и секогаш посвет.“ Ние…

Глава 42 Развој и служба

Христијанскиот живот е многу повеќе отколку ограничената претстава што многумина ја имаат за него. Тој не се состои само од љубезност, трпение, кроткост и добрина. Овие добродетели се суштествени; но потребни се и храброст, сила, енергија и истрајност. Патеката што Христос ја обележал е тесна патека на самооткажување. Стапнувањето на таа патека и минувањето низ…

Глава 41 Во допир со другите

Секоја врска во животот бара изградување самоконтрола, попуштање и сочувство. Ние толку многу се разликуваме според склоностите, навиките, образованието, бидејќи имаме различни погледи на нештата. Различно расудуваме. Нашето сфаќање за вистината, нашите идеи за тоа како треба да се однесуваме во животот не се потполно исти. Не постојат двајца со потполно исти искуства. Неволјите на…

Глава 40 Помош во секојдневниот живот

Во тивкиот, доследен живот на вистинскиот христијанин постои елоквентност, поголема од онаа на зборовите. Она што човекот е, има поголемо влијание од она што го зборува. Служителите што биле испратени кај Христа, се вратиле со извештај дека никогаш човек не зборувал како што зборува Тој. Причината за тоа е што никогаш човек не живеел, како…

Глава 39 Знаење од божјата реч

Целата Библија е откровение на Божјата слава во Христа. Кога ќе ја примиме, кога ќе поверуваме во неа и ќе и се покориме, таа е силно орудие за преобразување на нашиот карактер. Таа е големиот поттик, силата што принудува, која ги забрзува физичките, менталните и духовните сили и го насочува живот во правилен тек. Причината…

Глава 38 Важност на потрагата по вистинското знаење

Треба појасно да разбереме што се е вклучено во големата борба во која и ние учествуваме. Мораме поцелосно да ја согледаме важноста на вистините од Божјата Реч и опасноста што ни се заканува, доколку му дозволиме на големиот измамник да не одврати од нив. Неизмерната вредност на жртвата, која била потребна за нашето откупување, го…

Глава 37 Вистинско и лажно образование

Главниот ум во сојузот на злото постојано работи, со цел да ја оттргне Божјата Реч од нашиот поглед и да ни ги подметне човечките мислења. Тој настојува да не го слушаме Божјиот глас кој вели: „Ете го патот, врвете по него!“ (Исаија 30:21) Преку изопачените методи на образование, тој прави се што е во негова…

Глава 36 Опасност од шпекулативни знаења

Едно од најголемите зла што ја следат потрагата по знаење и истражувањето на науката е склоноста да се издигнува човечкиот ум над неговата вистинска вредност и над неговата вистинска улога. Многумина се обидуваат да судат за Создателот и Неговите дела според нивното несовршено познавање на науката. Тие настојуваат да ја спознаат природата, својствата и правата…

Глава 35 Вистинското знаење за Бога

Како и нашиот Спасител, и ние сме на овој свет да извршуваме служба за Бога. Сите ние треба да станеме како Бога во карактерот и животот посветен на служба за откривање на Бога во светот. За да бидеме Божји соработници, за да бидеме како Него и да го откриваме Неговиот карактер, ние мораме вистински да…

Глава 34 Вистинското образование, обучување за служба

Воспитувањето е обучување за служба. Секој Божји син и ќерка е повикан да биде мисионер; повикани сме да Му служиме на Бога и нашите ближни; и целта на нашето воспитување треба да биде пракса, која ќе не оспособи за оваа служба. Обунување за служба Христијанските родители и наставници секогаш треба да ја имаат предвид оваа…