1 Соломон

    За време на владеењето на Давид и Соломон, Израел станал силен помеѓу народите и можел во многу прилики да изврши силно влијание во корист на вистината и правичноста. Името Господово се почитувало и се славело така што се чинело дека постојат добри изгледи за остварување на оние цели заради кои Израелците се населиле во ветената земја. Биле срушени пречките така што луѓето кои доаѓале од незнабожечките земји да ја бараат вистината, не се враќале незадоволни. Мнозина се обратиле и црквата Божја на земјата се ширела и напредувала.
    Соломон бил миропомазан и прогласен за цар во последната година од животот на неговиот татко Давид, кој се одрекол од престолот во негова корист. Тој во своите млади години многу ветувал. Божјата намера била Соломон постојано да напредува во сила и слава, неговиот карактер да се развива и да стане се посличен на Божјиот карактер, и на тој начин да го поттикне Божјиот народ во исполнување на светата должност како чувари на Божјата вистина.
    Давид знаел дека високата цел која Бог му ја поставил на Израел ќе може да се оствари само ако владетелите и народот со непрестана будност се трудат да го постигнат мерилото кое им е поставено. Знаел дека неговиот син Соломон не смее да биде само војник, државник и владетел, туку и силен и добар човек, учител на праведноста и пример за верност, затоа што само така ќе може да ја оправда довербата со која Бог го удостоил.
    Давид нежно и сериозно го поучувал Соломон да биде зрел, чесен, достоен за почит и благороден, да покажува милост, љубов и љубезност кон своите поданици, да го почитува и слави Божјото име во сите свои постапки кон народите на земјата и со тоа да ја открива убавината на светоста. Многуте искушенија и горчливи искуства низ кои поминал Давид во својот живот го научиле да ги цени поблагородните доблести и го воделе кон тоа вака да го искаже својот предсмртен совет до Соломон: “Оној, што господари со луѓето, мора да биде праведен, владеејќи со страв Божји. И тој ќе биде како утринска светлина кога ќе огрее сонцето, утро без облаци; на кое светка нежната трева која никнува после дожд.” (2. Самоил 23:3, 4).
    О, каква ли можност му се подала на Соломон! Да се водел по вдахновените поуки на својот татко, неговото владеење би било владеење на праведноста, како што е тоа опишано во седумдесет и вториот псалм:
“Боже, дај му го на царот Својот суд, а на царевиот син - Својата праведност.
За да му суди праведно на Твојот народ, и на сиромасите Твои според праведноста. . .
Ќе слезе како дожд врз искосената трева, како пороен дожд што ја напојува земјата.
Во негово време ќе цвета праведноста; и изобилство на мир се додека постои месечината.
Тој ќе владее од море до море, и од реката (Еуфрат) до краиштата на земјата. .. Царевите на Тарсис и островите ќе принесат дарови: Царевите Шавски и Савски ќе донесуваат подароци.
И ќе му се поклонат сите Цареви: и ќе му служат сите народи;
Зашто тој ќе го избави бедниот што воздивнува; сиромашниот исто така кој нема помошник. ..
И секојдневно ќе биде благословуван .. .
Неговото ќе постои вечно:
неговото име постои долго колку и сонцето:
И во него ќе бидат сите благословени: и сите народи ќе го нарекуваат благословен.
“Нека е благословен Господ Бог, Богот Израилев,
Кој единствен твори чудеса;
Нека е благословено Неговото славно име засекогаш: и со славата Негова нека се исполни целата земја!
Амин, Амин.”
    Соломон во својата младост владеел по Давидовите совети и многу години одел по патот на праведноста, строго покорувајќи се на Божјите заповеди. Тој на почетокот од своето владеење отишол со своите советниците во Гаваон, каде што сеуште се наоѓал шаторот за состанок кој бил подигнат во пустината, и тука заедно со “илјадниците, стотниците, судиите и сите началници во Израел - старешините на домовите татковски” (2. Летописи 1: 2) принел жртва на Господа, целосно посветувајќи се на Господа. Соломон во извесна мерка ја разбрал големината на должноста во врска со царскиот престол, па знаел дека оние кои носат голем товар треба да се обратат на Изворот на мудроста за да ги извршуваат своите должности со успех. Затоа ги повикал и своите советници сите заедно да ги свртат срцата кон Бога и да побараат Негов благослов.
    Повеќе од сите земски добра, царот копнеел за дарот на мудроста и разум неопходен за остварување на задачите што му ги дал Бог. Копнеел за остроумност, широко срце и благ дух. Таа ноќ Бог му се јавил на Соломон во сон и го запрашал: “Што сакаш да ти дадам?” Младиот и неискусен владетел го изнел чувството на беспомошност во својот одговор и молел за помош. “Ти му направи голема милост на Твојотслуга, татка ми Давида,” рекол тој, “и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и праведноста и со искрено срце пред Тебе; Ти ја запази за него оваа голема добрина и му подари син, кој ќе седи на престолот негов, како што е тоа денес.
    “И денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга на местото на татка ми Давида, но јас сум само малечко дете, та уште не знам да владеам. А твојотслуга е среде Твојот народ, што си го избрал, народ толку многуброен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, нитуда се попише. Подари му, пак, на Твојот слуга разумно срце, за да му служи на Твојот народ и да разликува: што е добро а што е зло; зашто, кој може да управува со овој Твој толку многуброен народ?
    “Угодно Му беше на Господа што Соломон го побара тоа.”
    “Господ му рече: Затоа што го побара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги побара душите на твоите непријатели, туку си побара разум, за да умееш да судиш,” “Ете, Јас ќе направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце таков што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе; и она што ти не го побара, Јас ти го давам, - и богатство, и слава, какви што ниту еден цар пред тебе немал, ниту пак некој после тебе ќе има.”
    “И ако одиш по Мојот пат, пазејќи ги Моите уредби и Мои- те заповеди, како што одеше татко ти Давид, ќе ги продолжам твоите денови.” (1. Царства 3: 5-14; 2. Летописи 1: 7-12).
Бог ветил дека ќе биде со Соломон исто така како што бил и со Давид. Ако царот оди пред Господа во праведност и постапува онака како што Бог му заповедал, неговиот престол ќе биде зацврстен, а неговото владеење средство за да се издигне Израел “како народ мудар и разумен” (5. Мојсеева 4: 6), како светлина на соседните народи.
    Зборовите кои ги употребил Соломон молејќи се на Бога пред стариот олтар во Гаваон ја покажуваат неговата понизност и преголемата љубов да го прослави Бога. Сфатил дека без Божја помош е беспомошен како мало дете и дека нема да може да ги исполни должностите кои му биле поставени. Знаел дека му недостасува расудување и увидувајќи ја својата голема потреба, барал мудрост од Бога. Во неговото срце немало себични желби за знаење кое би го воздигнало над останатите. Сакал верно да ги исполнува должностите кои му биле доделени и избрал таков дар со чие посредство ќе може со неговото владеење да донесе слава на Бога. Соломон никогаш не бил толку богат, толку мудар, ни толку навистина голем како кога признал: “Јас сум уште сосем млад: јас не знам како да владеам.”
    Оние кои денес се наоѓаат на одговорни положби треба да ја примат поуката содржана во Соломоновата молитва. Колку човек е на повисока положба, толку се поголеми и неговите одговорности, неговото влијание се зголемува и поголема е неговата потреба да се потпре на Бога. Таков човек секогаш треба да има на ум дека со повикот за работа се упатува и повик за негово серизоно однесување пред ближните. Тој мора да стои пред Бога во улога на ученик. Положбата сама по себе не дава светост на карактерот. Човекот станува навистина голем само ако го слави Бога и се покорува на Неговите заповеди.
    Бог на кого ние му служиме не гледа кој е кој. Оној кој на Соломон му дал мудрост, би сакал истиот благослов и денес да им го пружи на своите деца. Неговата реч вели: “Ако некому од вас не му достига мудрост, нека ја моли од Бога, кој на сите им дава изобилно и без укор - ќе му се даде.” (Јаков 1:5) Ако човек кој носи товар на должности сака повеќе мудрост отколку богатство, власт или слава, нема да се разочара. Таквиот човек од големиот учител ќе научи не само што треба да направи, туку и како треба тоа да го направи како би добил знак на божествено одобрување.
    Се додека остане посветен, човекот на кого Бог му пода- рил мудрост и способност нема да копнее за високи позиции ниту ќе бара да владее или да заповеда. Некој мора да го понесе бремето на одговорноста; меѓутоа, наместо да се стреми кон власт, вистинскиот водач ќе се моли со разумно срце за да може да разликува добро од зло.
    Патот на оние луѓе кои се наоѓаат на позиција не е лесен. Тие мораат да разберат дека секоја потешкотија им нуди можност за молитва. Никогаш не смеат да пропуштат да се обратат кон Изворот на мудроста. Кога Господ ќе ги поткрепи и просветли, тие ќе бидат во состојба одлучно да одолеат на несветите влијанија и да направат разлика помеѓу правичноста и неправичноста, помеѓу доброто и злото. Тие ќе го одобруваат она што Бог го одобрува и ревносно ќе се борат против воведување на погрешни начела во Неговото дело.
Бог му дал мудрост на Соломон која ја сакал повеќе од богатството, почестите и долгиот живот. Неговата молба да добие чист ум, широко срце и благ дух била вослишена. “Бог му даде на Соломона мудрост, многу голем разум и широк ум како песокта на морскиот брег. И Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите синови на Исток, од сета мудрост на Египќаните. Тој беше помудар од сите луѓе;. . . и неговата слава беше раширена по сите околни народи.” (1. Цар. 4:29-31)
    “И сиот Израил. . . се боеше од царот, зашто видоа дека има мудрост Божја во него, за да извршува суд.” (1. Царства 3: 28). Народот со цело срце го прифатил Соломон, токму како некогаш Давид, го слушаше во се. “Соломон, синот Давидов, се зацврсти во царството свое, и Господ, неговиот Бог, беше со него и го возвеличи прекумерно.” (2. Летописи 1:1).
Многу години го одбележувале Соломоновиот живот со посветеност на Бога, со исправност и строго покорување на Божјите заповеди. Тој раководел со секоја значајна активност и мудро ги водел работите на царството. Неговото богатство и мудрост, величествените згради кои ги подигнал и јавните работи кои што ги направил првите неколку години од неговото владеење, енергијата, побожноста, праведноста и големодушноста кои ги откривал преку зборови и дела, му обезбедиле преданост на неговите поданици и восхитување и почитување на владетелите од многу земји.
    Името на Јехова е силно и величествено во првиотдел на Соломоновото владеење. Царевата мудрост и праведност сведочеле на сите народи за совршенството на Бог на кој му служел. Израел извесно време бил светлина на светот одржувајќи ја големината на Јехова. Меѓутоа, славното Соломоново владеење во почетокот не било резултат на неговата голема мудрост, легендарните богатства, далекусежната моќ и добриот глас кои ги уживал, туку последица на укажување почит на името на Израилевиот Бог и мудрото користење на небесните дарови.
    Додека годините си проаѓале и неговата слава се повеќе растела, Соломон се трудел да го прослави Бога зголемувајќи ги своите умствени и духовни сили и делејќи ги со другите благословите кои ги примил. Никој подобро од него не разбирал дека само преку благонаклонетоста на Јехова стекнал моќ, мудрост и расудување и дека тие дарови го обврзуваат да му пружи знаење на светот за Царот над царевите.
Соломон особено се занимавал со природните науки, но неговите истражувања не се ограничувале само на една гранка од науката. Проучувајќи се што е создадено - живата и неживата природа - тој стекнал јасно спознавање на Творецот. За природните сили, за минералниот и животинскиотсвет, во секое дрво и грмушка тој видел мудрост на Божјото откровение. И колку повеќе се трудел да научи, неговото знаење за Бога и неговата љубов кон Бога постојано растеле.
    Соломоновата од Бога вдахновена мудрост нашла израз во песните на фалби и во многу изреки. “Тој изрече три илјади мудри изреки, а неговите песни беа илјада и пет; тој изговори и за дрвјата, од кедарот што е во Ливан, до исопот, што никнува no карпите; тој говореше исто така и за животните, за птиците, за влекачите и за рибите.” (1. Царства 4: 32, 33).
    Во Соломоновите приказни се изнесени начела за свет живот и возвишени напори, начела со небесно потекло кои ја водат побожноста и треба да управуваат со секоја постапка во животот. Благодарение токму на распространетоста на овие начела и разбирање дека на Бога Му припаѓа секоја чест и пофалба, Соломоновото владеење во почетокот било период на морално воздигање и материјална благосостојба.
    “Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост,” тој напишал, “и човек, кој придобил разум; подобро е да ја добиеме неа, отколку префинето злато; таа е поскапа и од скапоцени камења: и од се што можеш да посакаш, не може да се спореди со неа. Во десницата нејзина е долгиот живот, а во левицата и е - богатството и честа. Патиштата нејзини се пријатни патишта, и сите патеки нејзини се - спокојни. Таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, кои што ја задржуваат.” (Изреки 3:13-18).
    “Главно е мудроста: придобивај мудрост за себе и со сиот свој имот придобивај разум.” (Изреки 4:7). “Почеток на мудроста е стравот од Господа.” (Псалм 111:10). “Стравот од Господа е омраза кон злото. Јас ги мразам: гордоста и арогантноста, злиот пат и подмолната уста.” (Изреки 8:13).
    Добро ќе беше и во подоцнежните години да се придржу- ваше Соломон на тие чудесни зборови на мудрост! О, кога оној кој рекол: “Усните на мудрите луѓе сеат знаење,” (Изреки 15:7) и кој ги учел земските цареви да му оддаваат почести на Царот над царевите, кои тие ги наменувале за земскиот владетел, никогаш со “подмолни усни,” и “гордост и злоба,” ја присвоил славата која што му припаѓа само на Бога!

2. Храмот и неговото посветување

    Соломон мудро ја остварил Давидовата долго негувана желба да подигне храм за Господа. Седум години Ерусалим бил полн со вредни работници кои го рамнеле одбраното земјиште, подигнувале големи потпорни ѕидови, поставувале широки темели - “големи камења, скапоцени камења...делкани камења” (1. Царства 5:17), обработувале дрва донесени од Ливанските шуми и го подигнувале величественото светилиште.
    Паралелно со подготвувањето на дрвата и камењата, за кои многу илјади луѓе ги посветиле своите сили, работата напредувала и околу внатрешното уредување на храмот и тоа под раководство на Хирам од Тир, “човек вешт и разумен”, кој “умееше да работи од злато и сребро, од бронза, од железо, од камен и дрво, од пурпурна и сина преѓа, од висон и од багреница” (2. Летописи 2:13,14).
    Така градбата на гората Морија безшумно се подигала од “камен што веќе беше изделкан, така што за време на градењето на храмот не се слушаше, ни чекан, ни секира, ниту некакво друго железно орудие” (1. Царства 6:7). Истовремено се подготвувале прекрасни предмети според мострите на Давид кој му ги покажа на својотсин - “сите други предмети за Божјиот дом” (2. Летописи 4:19).
    Тука спаѓале олтарот за жртви паленици, трпезата за лебот на предложението, светилникот и кандилцата, со садовите и направите потребни за службата на свештениците во светињата - се, од “злато; тоа беше чисто злато” (2. Летописи 4: 21). Бакарните работи - олтарот за жртви паленици, морето врз дванаесетте волови, помалите умивалници и многу други садови, кои што “царот ги излеа во глинена земја во околината на Јордан, помеѓу Сокхот и Саридат.” Сето тоа било донесено во доволни количества како ништо не би недостасувало. (Ст.17)
    Величествената градба која Соломон и неговите помагачи ја подигнале за Бога и Неговата служба, била исклучително убава и раскошна. Украсена со драгоцени камења, опкружена со пространи тремови со величествени приоди, обложена со длабоко резбарство во кедровина и сјајно злато, градбата со своите извезени завеси и богат мебел претставувала подобен симбол за црквата на живиот Бог на земјата, која со текот на времето се градела во согласност со Божјиот модел, од материјал кој е спореден со “злато, сребро, и скапоцени камења,” “полиран во стилот на сличноста на дворецот.” (1. Коринтјаните 3:12, Псалм 144:12). Во тој духовен храм “камен на аголот е Исус Христос, врз кого целата зграда стројно составена расте во светхрам во Господа.” (Еф. 2:20, 21) Најпосле храмот кој што го замислил цар Давид а го градел неговиотсин Соломон, бил довршен. “И се што имаше наумено Соломон во срцето свое да изврши во Господовиот дом” тој го “заврши успешно” (2. Летописи 7:11). Затоа што дворецот кој беше подигнат на ритчето Морија не бил наменет за човек туку “за Господ Бог” (1. Летописи 29:1), како што Давидтоа многу го сакаше, останало уште со свечен обред да се посвети на Господа и Неговата служба.
    Местото на кое што храмот бил подигнат долго време се сметало за свето. На тоа место Авраам, таткото на сите верни, покажал дека сака да го жртвува својот син покорувајќи и се на Божјата заповед. Тука Бог го обновил својотзавет на благослов со Авраама, завет кој го содржел славното месијанско ветување до човечкиот род за избавување преку жртвата на Синот на Севишниот. (види 1. Мојсеева 22:16-18). На тоа место Давид принел жртва паленица и жртва на благодарност за да го оттргне мечот на ангелот погубител, а Господ му одговорил пуштајќи му оган од небото. (види 1. Летописи 21.) Сега уште еднаш слугите Господови се собрале на ова место да излезат пред Hero и да го обноват својот завет на верност.
    За посветување на храмот било избрано најпогодно време, седмиот месец, кога по обичај народот од целото царство се собирал во Ерусалим за да го прослави празникот Сеници. Тоа било радосно празнување. Се одржувало по завршување на жетвата а пред почеток на нова работа и народот слободен од грижи, можел да ужива во тие свети и радосни мигови.
Во определеното време се собрале Израелците и богато облечените претставници од многу земји во предворјето на храмот. Тоа бил необично величествен призор. Соломон заедно со израелските поглавари и најугледните луѓе во народот дошол од другиот крај на градот, од каде што го донеле ковчегот на заветот. Од светилиштето на Гаваонските височини бил пренесен древниот “ковчег и шаторот за состанок и сите свети садови што беа во шаторот” (2. Летописи 5:5). Тие работи кои биле длабоко почитувани и кои што потсетувале на некогашните искуства на децата израелски во текот на патувањето низ пустината и освојувањето на Ханан, сега нашле дом во величественото здание, подигнато да го замени подвижниот шатор.
    Носејќи го ковчегот во светиот храм со камените плочи на кои прстот Божји ги напишал десетте заповеди, Соломон се поучил од примерот на татка си Давид. Принесувал жртви на секои свои шест чекори. Низ пеење, музика и свечени обреди “го внесоа свештениците ковчегот на заветот на Господа на местото негово, во внатрешниот дом, во Светињата на Светињите (Стих 7). Кога влегле во светињата, ги заземале своите места. Пеачите - Левитите облечени во бело платно со кимвали, псалтири и харфи - стоеле источно од олтарот а со нив сто и дваесет свештеници кои трубеле со труби. (Стих 12).
    “И додека трубеа и пееја како еден, испуштајќи еден глас за фалба и славословие на Господа и кога го подигнаа звукот од труби, кимвали и други свирки, и сите го фалеа Господа, дека е благ, дека милоста Негова е вечна, - тогаш домот Господов се исполни со облак, и поради облакотсвештениците не можеа да стојат при служба, зашто славата Господова го исполни Божјиот дом.” (Стихови 13, 14).
Соломон разбирајќи што значи тој облак, изјавил: “Господ беше рекол, дека ќе благоволи да престојува во темен облак, но, јас изградив дом за Твое живеалиште, место за Твое вечно престојување.”
“Господ царува: нека треперат народите!
Тој седи на херувими: нека се затресе земјата!
Велик е Господ на Сион, возвишен е Тој над сите народи.
Нека го слават името Твое велико: затоа што е свето. . .
Превознесувајте го Господа, нашиот Бог, поклонувајте Му се во подножјето на нозете Негови, затоа што Тој е свет!” (Псалм 99:1-5)
    “Среде дворот” на храмот било поставено “бакарно подножје” или платформа “долго петлакти, широко пет лакти и високо пет лакти”. На него Соломон застана и со кренати раце кон небото го благослови мноштвото што стоеше пред него. “И сето собрание на Израелците стоеше” (2. Летописи 6:13 и 3).
    “Нека е благословен Господ, Бог Израилев” извикна Соломон, “Кој го изврши со светата рака Своја она, како што го беше рекол со устата Своја на татка ми Давида велејќи: го избрав Ерусалим, за да биде во него Моето име. (Стихови 4, 6) Потоа Соломон клекнал на подножјето и пред целиот народ изговорил молитва на посветување. Верниците ги наведнале своите глави кон земјата а царот ги подигнал рацете кон небото молејќи се: “Господе Боже Израилев! Нема Богтаков каков што си Ти, ниту на небото ниту на земјата, Кој го чуваш заветот и милоста на слугите свои, кои одат пред тебе со целото свое срце.”
    “Ќе живее ли Бог со луѓето на земјата? Ете, небото и небесата Твои не те собираат, дотолку помалку ќе Те собере овој храм, што сум го изградил. Но погледни милостиво кон повикот на Твојот слуга и кон молбата негова, Господи, Боже мој! Чуј го повикот и молитвата, со која Твојот слуга се моли пред Тебе. Нека бидаточитеТвои отворени кон овој храм дење и ноќе, кон местото, во кое си ветил дека ќе го ставаш името Свое, за да ја слушаш молитвата, со која слугата Твој ќе се моли на ова место. Чуј ги молбите на Твојот слуга и на Твојот народ Израелот, со кои ќе се молат на ова место: чуј од местото на Твоето живеалиште, од небесата, чуј и смилувај се...
    Кога Твојот народ Израелот ќе биде поразен од непријателот, затоа што згрешил пред Тебе, и се врати и го исповеда името Твое, ако повика и се помоли пред Тебе во овој храм, чуј тогаш од небото и прости му го гревот на Твојот народ Израелот и врати го во земјата, што си му ја дал нему и на татковците негови.
    Кога ќе се заклучи небото и ќе снема дожд, затоа што тие згрешиле пред Тебе, и ќе се помолат на ова место, и ќе го исповедаат името Твое и ќе се свртатод своите гревови, затоа што си ги понизил, чуј тогаш од небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот народ Израел, покажувајќи им го добриот пат, по кој што треба да одат: и испрати дожд врз Твојата земја, што си му ја дал на народот Свој во наследство.
    Ако биде глад во земјата или помор, огнен ветар или гламја, скакулци или гасеници, или ако го притиснат непријателите негови во земјата, што ја владее, или некое зло ако се случи или пак некаква болест, секоја молитва, секој извик од кој и да е човек, или од сиот народ Твој Израелот, кога секој ќе ја почувствува неволјата своја и тагата своја и ќе ги подаде рацете кон Твојот храм, чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и прости и подај му на секого според патиштата негови, како што го познаваш срцето негово, - зашто само Ти ги познаваш срцата на синовите човечки, - за да се плашат од Тебе и да одат по Твоите патишта во сите дни, додека живеат на земјата, што си им ја дал на татковците нивни.
    Дури и туѓинецот, што не е од Твојот народ Израелот, кога ќе дојде од далечна земја поради Твоето големо име, поради Твојата моќна рака и Твојата подигната мишка, - дојде и се помоли во овој храм, чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и направи се, за кое туѓинецот ќе те повика, та сите земни народи да го познаат Твоето име и да се плашатод Тебе, како и Твојот народ Израелот, и да знаат, дека овој дом, што јас го изградив, е наречен по Твоето име.
    Кога твоите луѓе ќе излезат во војна против непријате- лите свои по патот, по кој ќе ги испратиш Ти, и Ти се помолат, обрнувајќи се кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградив на Твоето име, тогаш послушај ја од небото молитвата нивна и молбата нивна и направи им го она што е таму потребно.
    Кога ќе згрешат пред Тебе, (затоа што нема човек што не греши) и Ти ќе им се разгневиш и ќе ги предадеш на непријателите, и оние, што ги заробиле, ќе ги одведат во далечна или блиска земја, кога во земјата, во која ќе бидат заробени, ќе дојдат на себеси, ќе се свртат и ќе Ти се помолат во земјата на своето ропство, велејќи: згрешивме, направивме беззаконија и неправди, и ќе се обрнат кон тебе со сето свое срце и со сета своја душа, во земјата на своето ропство, каде што ќе бидат одведени во плен, и ќе се помолат, обрнувајќи се кон земјата своја, што си им ја дал на татковците нивни, и кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградив на Твое име, - тогаш чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, чуј ја молитвата нивна и молбата нивна, и направи го она што им е потребно, и прости му на Твојот народ, за она штозгрешил пред Тебе.
    Боже мој, очите твои нека бидат отворени и ушите твои нека бидат внимателни кон молитвата на ова место! И сега, Господи Боже, застани во Твоето почивалиште, Ти и ковчегот на Твојата сила. Твоите свештеници, Господи Боже, нека се облечат во спасение, и нека Твоите светии се радуваат во добрина. Господи Боже, не свртувај го лицето од помазаникот Свој, присети се на милостите ветени кон Својотслуга Давид.” (Стихови 14-42)
Кога Соломон ја заврши молитвата “слегна оган од небото и ја изгори жртвата паленица и другите жртви.” Свештениците не можеле да влезат во храмот затоа што “со славата Господова се наполни домот Господов,” и сите синови Израилеви ја видоа славата Господова врз домот, ги приклонија лицата кон земјата до подот, поклонувајќи се и фалејќи го Господа, велејќи: затоа што Тој е добар, затоа што е вечна Неговата милост.”
    Тогаш царот и народот му принесоа жртва на Господа. “И царот и целиот народ го посветија домот Господов” (2. Летописи 7:1-5). Седум дена мноштво собрано од сите краишта на царството, од границите “на Емат до потокот Египетски”, “собор многу голем”, го славеа овој голем настан. Следната недела повторно ја поминале славејќи го празникот сеници. По завршувањето на овој празник од повтореното посветување и радост, луѓето се вратија во своите домови, “и беа радосни и весели заради добрината што им ја направи Господ на Давида и Соломона и на Израелот, Неговиот народ.” (Стихови 8, 10).
    Царот направил се што било во негова моќда го мотивира народот потполно да му се посвети на Бога и на Неговата служба и да го величаат Неговото име. Господ му посведочил на владетелот на Израел дека го примил и го благословил, како што е тоа еднаш веќе направено на почетокот на неговото владеење, во Гаваон. Ноќно време во едно видение му се покажал Господ со една вест: “Ја вослишив молбата твоја и го избрав тоа место да ми биде дом за жртви. Ако го затворам небото за да не врне дожд, или ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или ако пуштам помор на народот свој, и се понизи народот мој, од кој е повикано моето име, и се помолат, и го побараат лицето мое, и ако се повратат од своите зли патишта, јас тогаш ќе ги вослишам од небото и ќе им ги простам гревовите нивни и ќе ја исцелам земјата нивна и очите Мои ќе бидат отворени и ушите Мои приклонети кон молитвата од ова место. Зашто сега избрав и го посветив тој дом да биде името мое таму довека: и ќе бидат тука очите мои и срцето мое постојано.” (Стихови 12-16).
Доколку Израел му останал верен на Господа, овој величествен храм би стоел како вечен знак на посебна Божја милост кон избраниот народ. “А туѓинците кои ќе Му пристапат на Господа да му служат и да го љубат името Господово”, рекол Господ, “да Му бидат слуги, секој кој ја држи саботата да не ја оскверни и го држи заветот мој, нив ќе ги доведам на својата света гора, и ќе ги развеселам во својотдом молитвен: жртвите нивни паленици и другите жртви ќе бидат угодни на олтарот мој, затоа што и домот мој ќе се вика дом на молитва за сите народи.” (Исаија 56: 6, 7).
    Давајќи му на царот до знаење дека е прифатен, Господ истовремено го означил и патот на должности по кој како цар треба да го оди. “И, ако одиш пред лицето Мое, како што одеше татко ти твој Давид, и ако вршиш се, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш уредбите Мои, Јас ќе го зацврстам престолот на царството твое, како што му бев ветил на татка ти Давида, велејќи: Нема да ти снема маж, што ќе владее во Израелот.” (2. Летописи 7:17,18).
Доколку Соломон продолжил да му служи на Господа во понизност, неговото владеење би извршило големо влијание на добро меѓу околните народи, кои инаку чувале убави спомени на владеење на неговиот татко Давид и на кои им оставиле голем впечаток мудрите зборови и сјајните дела од првите години на неговото владеење. Предвидувајќи страшни искушенија кои ги следатуспехот и славата, Бог го предупредил Соломон за злото на отпадништвото и страшните последици на гревот. Тој рекол дури и за овој прекрасен храм, кој всушност е посветен, ќе стане приказна и потсмев помеѓу народите” (Стихови 20 и 22) ако Израелците се одречат од “Господа Бога на татковците нивни” и отидат во идолопоклонство.
Соломон поткрепен во срцето и радосен заради вестите од небото дека неговата молитва за Израелот е вослишена, зачекорил во најубавото време од своето владеење, кога “сите цареви земски сакаа да го видат Соломона и да ја чујат неговата мудрост, која му ја даде Господ во срцето негово” (2. Летописи 9: 23). Мнозина доаѓале да го проучуваат неговиот начин на владеење и да побараат од него совет за решавање на своите потешкотии.
    Соломон ги учел луѓето што го посетувале дека Бог е творец на се што е создадено, па така тие се враќале кон своите домови со појасни поими за Израилевиот Бог и Неговата љубов кон човештвото. Тие во природните појави виделе знаци на Неговата љубов и откривање на Неговиот карактер и мнозина почнале да Му служат како на свој Бог.
Соломоновата понизност во времето кога го понел бремето на одговорности во државата, кога признал пред Бога “јас сум уште сосем млад,” (1. Царства 3:7) неговата голема љубов кон Бога и длабокото почитување кон се што е божествено, немањето доверба во себеси, воздигнувањето на вечниот Творец на се што е создадено, сите тие карактерни особини кои биле толку ценети, се откриле во текот на посветувањето на храмот, кога во молитва клечел како понизен молител. Христовите следбеници денеска мораат да се чуваат да не го изгубат духот на стравопочитување кон Бога. Светото писмо ги учи луѓето како тие треба да пристапуваат кон Творецот - во понизност и стравопочит, со вера во божествениот Посредник. Псалмистот објавил:
“Бог е велик Господ, и велик Цар над сите богови.
Дојдете, да се поклониме и да паднеме, да клекнеме пред Господа, нашиот Творец”.
(Псалм 95: 3, 6)
    И во молитва на јавно место и во домот треба да клекне- ме пред Бога кога Му се обраќаме. Исус кој е наш пример, “клекна на колена и се молеше на Бога.” (Лука 22:41). Тоа исто е запишано и за Неговите ученици: “клекнаа на колена и се помолија на Бога.” (Дела 9:40) Павле рекол: “Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос.” (Ефесјаните 3:14) Езра клечејќи пред Бога ги исповедал гревовите на Израел. (Езра 9:5) Даниел “три пати во текот на денот ги преклонуваше колената свои и Му се молеше на својот Бог и Го славословеше.” (Даниел 6:10)
    Вистинското стравопочитување кон Бога доаѓа од сознанието за Неговата бескрајна големина и свеста за Неговата присутност. Секое срце мора да има свесно и длабоко чувство за Неговото присуство. Часот и местото на молитвата се свети, затоа што е тука Бог. Исполнувањето на ова почитување и држењето на ставот само го продлабочува ова чувство. “Страшно е и свето името Негово.” (Псалм 111:9), вели Псалмистот. Ангелите го кријат своето лице изговарајќи го Господовото име. Со какво стравопочитување треба да го изговараме ние кои што сме паднати грешници!
    Добро би било и старите и младите да размислуваат за зборовите на Светото писмо кое покажува како треба да се почитуваат местата на кои е присутен Бог. “Соблечи ги обувките свои од нозете, затоа што земјата на која што стоиш е света”, Му рекол Тој на Мојсеја кај капината која била во оган. (2. Мојсеева 3: 5). Кога Јаков во видение здогледал ангел, извикал: “Сигурно е Господ на ова место: а јас не знаев! He е друго, а е дом Божји, ова е вратата небесна!” (1. Мојсеева 28:16, 17)
    Соломон во својата молитва за посветувањето се трудел од духот на присутните да ги отстрани разните суеверни разбирања во поглед на Творецот, на кои им робувале незнабошците. Небесниот Бог не се врзува за храмови кои луѓе ги подигнале со своја рака, како што е тоа случај со незнабожечките богови. Сепак, ако Неговиот народ се собере водомоткој еподигнатза служба за Hero, Неговиотдухќе биде таму присутен.
Павле многу векови подоцна ја искажал истата вистина со овие зборови: “Бог, кој го создаде светов и се што е во него, бидејќи Тој е Господ на небото и на земјата, не живее во ракотворни храмови, ниту, пак, прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто, но Сам на сите им дава живот, дишење и се... за да го бараат Господа, та не би ли некако Го усетиле и нашле, иако Тој не е далеку од секој еден од нас: оти ние преку Hero живееме, и се движиме, и постоиме.” (Дела 17: 24-28)
    “Блажен е оној народ, чиј што Бог е Господ; и луѓето, кои Тој ги избрал за наследство Свое.
Од небесата гледа Господ, ги гледа сите синови човечки: од местото на своето живеалиште, ги гледа сите, кои живеат на земјата:
Господ го поставил Својот престол на небесата, и царството Негово владее над се.
О Боже, свет е твојот пат:
Кој Бог е толку голем, како нашиот Бог?
Ти си Бог, кој прави чудеса:
Ти ја покажа силата Своја меѓу народите:
(Псалм 33:12-14, 103:19, 77: 13,14)
    И покрај тоа што Бог не престојува во храмови подигна- ти од човечки раце, тој сепак со своето присуство го осветува собранието на својот народ. Тој ветил дека ќе им го открие својот Дух на оние кои ќе се соберат да Го побараат, ќе ги признаат своите гревови и ќе се молат едни за други. Но оние кои се собираат за да Го слават, мораат да ја отстранат секоја зла мисла. Нивното собирање нема да има никаква вредност ако не се молат со духот на вистината и во убавината на светоста. За ваквите луѓе Господ вели: “Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Me почитува, а срцето негово стои далеку од Мене.” (Матеј 15: 8-9). Оние кои се поклонуваат на Бога мораат да се поклонуваат со “дух и вистина, зашто Отецот сака такви поклоници.” (Јован 4:23).
    “Господ е во Својот свет храм: нека молчи целата земја пред лицето Негово!” (Авакум 2:20).