Историско дополнение

(Броевите дадени во Додатокот, во пописот на библиските стихови и во општиот индекс ја означуваат оригиналната страна која се наоѓа во книгата)

Страна 50. - ПАПСКИТЕ ТИТУЛИ. - Во еден дел на Римското црковно право, папата Иноќентие III изјавува дека римскиот понтифекс (папата) „на Земјата е намесник не само на човекот, туку и на Бога”; во едно објаснување на ова тврдење се истакнува дека тоа доаѓа затоа што тој е намесник на Христа кој е „вистински Бог и вистински човек” (Види Decretal. D. Gregor. Pap. 9, lib. 1. de translat. Episc. Tit. 7. c. 3. Corp. Jur. Canon. Ed. Paris, 1612; tom 2. Decretal. col. 205).

За титулата „Господ Бог папа” види го објаснувањето во „Exstravagantes” (Претерувања) на папата Јован XXII, title 14, ch. 4, „Declaramus”. Во едно белгиско издание „Exstravagantes”, објавено во 1584. година, зборовите: „Dominum Deum nostrum papam” (Нашиот Господ Бог папа) се наоѓаат во 1503. секција. Во париското издание од 1612. година тие зборови се наоѓаат во 140. секција. Во некои изданија објавени по 1612. година зборот „Deum“ (Бог) е изоставен.

Страна 52. - ОБОЖАВАЊЕ НА ИКОНИТЕ. - „Обожавањето на сликите... претставува уште едно изопачување на христијанството кое тајно се вовлекло во црквата и речиси неосетно. Оваа изопаченост, како и другите ереси, не се развивала одеднаш, зашто во тој случај би наишла на решителна осуда и прекор. Меѓутоа, успешно маскирани од самиот почеток, таквите обичаи се вовлекувале постепено, еден по друг, така што црквата длабоко тонела во идолопоклонство, не само без успешен отпор, туку речиси без никаков приговор или предупредување; и кога конечно е вложен напор тој обичај да се искорени, злото веќе било длабоко вкоренето и не можело да се искорени... Идолопоклонската тенденција на човечкото срце и неговата склоност повеќе да го почитува „создаденото отколку Создателот” (Римјаните 1:25), на овој начин морала да се покаже...

„Иконите и сликите во почетокот не биле внесувани во црквата со цел верниците да им се клањаат, туку со помош на нив, наместо од книги, да им се даваат упатства на оние што не знаеле да читаат, а писмените и визуелно да ги поттикнуваат на побожно размислување. Колку тие одговориле на таа намена е мошне сомнително. Но, дури и ако го прифатиме ова како вистина, наскоро престанало да биде така. Се покажало дека сликите и иконите кои биле внесени во црквите, повеќе го замрачуваат отколку што го просветлуваат умот на неупатените - ја унижуваат, а не дека ја издигнуваат вистинската побожност во срцата на поклониците. Така се покажало дека сликите, иако требале мислите на луѓето да ги насочат кон Бога, всушност тие ги одвраќаат од Него и ги наведуваат да се поклонуваат на човечките дела” (J. Mendham, The Seventh General Council, the Second of Nicea, Introduction, pages III-VI).

За записникот за работата и за одлуките на седмиот сеопшт црковен собор во Никеја 787. година, свикан за да се утврди обожавањето на иконите и сликите, види: Bagonius, Ecclesiastical Annals, (Црковни анали) 1612 Antwerp sd. Vol. 9, po. 391 - 407; J. Mendham, The Seventh General Council, Second of Nicea, (Седмиот сеопшт собор во Никеја); Ed. Stillingfleet, Defence of the Discourse Concerning the Idolatry Practiced in the Church of Rome (Расправа за идолатријата во римокатоличката црква) (London, 1686); A Select Library of Nicene and Post-Nicence Fathers, second series; (Одбрани дела на црковните отци за соборот во Никеја и по него) New York, 1900, vol. 14 pp. 521-587; C. J. Hefele, History of Council the Church, From the Original Documents. (Историја на црковните собори од оригиналните документи) b. 18, ch. 1. secs. 332-333: ch. 2, secs. 345-352 (T. And T. Clark ed., 1896, vol. 5, pp. 260-304, 342-372).

Страна 53. - КОНСТАНТИНОВ ЗАКОН ЗА ПРАЗНУВАЊЕ НА НЕДЕЛАТА. - Царот Константин на 7. март 321. година издал закон со кој го пропишува празнувањето на неделата. Еве ја содржината на тој закон:

„Сите судии, градските жители и занаетчиите нека се одмораат во чесниот Ден на Сонцето. Меѓутоа, оние што се занимаваат со земјоделие можат слободно да ги обработуваат своите полиња, зашто често се случува ниту еден друг ден да не е толку погоден за сеење на житни растенија или за садење на винова лоза; затоа не треба да не се искористи погодното време и да пропаднат драгоцените благослови дадени од небото” (A. H. Lewis, History of the Sabath and, the Sunday (Историја за саботата и неделата) 2d. ed; rev., 1903, pp. 123. 124. Оригинал (in the Codex of Justinijan, lib. 3, tit. 12, leg. 3). цитати Dr. J. A. Hessey во своите предавања за неделата (Bampton Lectures on „Sunday”), lecture 3, par. 1., и Dr. Philip Cehaff во својата „Историја на христјанската црква” (History of the  Christijan Church) vol. 3, sec. 75, par. 5, note 1. Види исто така: Mosheim; Insitutes of Ecclestiastical History, (Историја на црковните институции) cent, 4, pt. 2, ch. 4. sec. 5; Chambers's Encyclopedia, art. „Sabbath”, Encyclopedia Britanica 9 th ed., art. "Sunday"; Peter Heylyn, The History of the Sabbath, (Историја на саботата), 2d ed. rev., London, 1636, pt. 2, ch. 3, pp. 66.67).

Страна 54. - ПРОРОЧКИ ДАТУМИ. - Важен принцип кој треба да се следи при толкувањето на пророштвата, вклучувајќи ги временските периоди, е принципот „ден за година“, што укажува на тоа дека еден ден во пророштвото всушност ја симболизира календарската година во историското време. Пред да влезат во хананската земја, Израелците испратиле дванаесет извидници пред себе да ја разгледаат земјата. Извидниците биле отсутни четириесет дена, а по нивно враќање, Евреите исплашени од нивните извештаи, одбиле да ја освојат ветената земја. Како резултат на тоа, Господ им изрекол казна: „Според бројот на четириесетте дена, во кои ја разгледувавте земјата, вие ќе страдате за гревовите ваши четириесет години, година за ден, па да разберете што значи да бидете напуштени од Мене“ (Броеви 14:34). Истиот метод за пресметување на пророчкото време се наоѓа во книгата на пророкот Езекиел. Поради нивното беззаконие на Јудиното царство му е изречена казна од четириесет години. Господ рекол преку пророкот: „И кога ќе ги исполниш, повторно легни, но сега на својата десна страна и четириесет денови носи го беззаконието на домот Јудин, ден за година, ден за година ти определив“ (Езекиел 4:6). Овој принцип „ден за година“ е многу важен за правилно толкување на пророчкото време „две илјади и триста вечери и утра“ (Даниел 8:14), како и за следните други пророштва: за пророштвото од „1260 дена“, кое е опишано како „едно време и за две времиња и за половина време“ (Даниел 7:25), за пророштвото од „четириесет и два месеци“ (Откровение 11:2; 13:5), за пророштвото од „илјада двесте и шеесет дена“ (Откровение 11:3; 12:6) и за пророштвото од „три и пол дена“ (Откровение 11:9).

Страна 56. - ФАЛСИФИКУВАНИ СПИСИ. - Меѓу најважните документи од тоа време кои главно се сметаат за фалсификат треба да се вбројат: Константиновата даровница и таканаречените Псевдо Исидоровите декреталии. Наведувајќи ги фактите во поглед на прашањата: „Кога и кој ја фалсификувал Константиновата даровница?” M. Gosselin, директор на семинарот St. Sulpice (Париз), пишува: „Иако е неспорно дека овој документ е лажен, тешко е точно да се утврди датумот на неговото фабрикување. M. De Marca, Muratori и други учени критичари мислат дека е сочинет некаде во осмиот век, пред владеењето на Карло Велики. Muratori дури мисли дека токму тој документ го навел монархот да биде толку великодушно дарежлив кон светата столица” - The Power of the Pope During the middle Ages, (Папската власт во текот на Средниот век) tr. by the ev. Matthew Kelly, St. Patrich's College, Maynooth; J. Murphy and Compani, Baltimore, 1853, vol. 1, pp. 321. За датумот на Псевдо - Исидоровите декреталии, види: Mocheim, Institutes of Ecclesiastical History, (Историја на црковните институции), b.3, cent. 9, pt. 2, ch.2, sec.8. Преведувач, Dr Murdock, укажува на забелешката на учениот католички историчар, M. L'Abbe Fleurs кој во својата „Црковна историја” (Eclesiasticical History) (diss.4, sec. 1), за овие декреталии кажува: „Тие на светлината на денот излегле при крајот на осмиот век”. Пишувајќи го ова при крајот на седумнаесеттиот век, тој кажува дека на овие „лажни декреталии се гледало како на потполно автентични во текот на осумстотини години, и со тешка мака се отфрлени во овој последен век. Сега едвај некој од луѓето кои се упатени во ова не признава дека тие декреталии се обични фалсификати” - Ecclesiastical History, (Црковна историја), б. 44, пар. 54 (G. Adam's translation, London, 1732, vol. 5, p. 196). Види исто така: Gibbon, History of Decline and Fall of the Roman Empine, (Историја за падот и пропаста на Римската империја), sh. 49, par. 16. (Страна 57. - ЗА НAРЕДБИТЕ НА ГРГУР VII. Dictates of Hildebrand Gregory VII) - Види: Baronius, Eccelesiastical Annals, (Црковни анали) An. 1076 (Antwerp ed., 1608, vol. 11, p. 479). Една копија од овие „Наредби” во оригинал може да се најде и во Gieseler, А Compendium of Ecclesiastical History (Преглед на црковната историја) period 3 sec. 47, note 4 (ed. 1836, trhy F. Cunninghem). Англискиот превод е даден во Mosheim, Institutes of Ecclesistical History (Историја на црковните институции), br. 3, cent. 11, pt. 2, sec. 9, note 8 (Soames'ed., tr. by Myrdock).

Страна 59. - ЧИСТИЛИШТЕ. - Дефиниција за чистилиштето Dr J. F. Di Bruno ја дефинира вака: „Чистилиштето претставува еден преоден период на мачење во кој, после некое време по смртта, се задржуваат душите на оние на кои им се простени смртните гревови, така што се ослободени од вечното мачење во пеколот, но кои поради тие гревови мораат да платат некој долг со привремена казна; во чистилиштето заминуваат и оние души кои го напуштаат овој свет со вина само на безначајни и простливи гревови” - Catholich Belief (Католичко верување) page. 196 (ed. 1884 imprimatur Archibishop of New York). Види исто така: K.P. Hagenbach, Compendium of the History of Doctrines, (Преглед на историјата на учењата) T. and T. Clark ed, vol. 1 pp. 234-237, 405, 408; vol. 2pp. 135-150; 308, 309, Chas. Elliot, Delinaetion of Roman Catolicism, (Опишување на римокатолицизмот), b2 ch.12; Catholich Encyclopedia, art „Pirgatory”, (Католичка енциклопедија, стат. „Чистилиште”).

Страна 59. - ПРОШТАЛНИЦИ. - (Простување на гревовите за пари) - За подетална историја во врска со прошталниците, види: Catholic Encyclopedia, art. „Indulgences" (contributed by W. H. Kent, O. S. C., of Bayswater, London); Carl Ulimann, Reformers Before the Reformation, (Реформатори пред Реформацијата), vol. I, b. 2, pt. I, ch. 2: M. Creighton, History of the Papacy, (Историја на папството) vol. 5, pp. 58-64, 71; L. von Rabke, History of the Reformation in Germany (Историја на Реформацијата во Германија), b. 2, ch. 1, par. 131. 132. 139-142, 153-155 (2d London ed., 1845, tr. by S. Austin, vol. 1, pp. 331. 335-337, 343-346); Chas. Elliott, Delineation of Roman Catholicism, (Опишување на римокатолицизмот), b. 2, ch. 13; H. C. Lea, A History of Awricular Confesion and Indulgences; G. P. Fisher, The Reformation, ch. 4, par. 7.

За практичната примена на учењето за „Прошталниците” за време на Реформацијата, во земјите кои се надвор од нејзиниот дофат, види: Расправа на Dr. H. C. Lea под наслов: „Прошталници во Шпанија”, објавена во весниците Papers of the American Society of Church History, vol. 1, pp. 129-171. За придавање на важноста на оваа историски потполно непозната светлина, Dr. H. C. Lea во наведената статија кажува: „Неразнишана од судирите кои беснееле меѓу Лутер, д-р. Ек и Силвестер Приериаса, Шпанија мирно продолжила да чекори по стариот и утврдениот пат и да нè снабдува со необорливи службени документи кои ни овозможуваат материјата да ја испитаме во чистата светлина на историјата”.

Страна 59. - МИСА. - За учењето за миса, види: Cardinal Wiseman elo, The Real Presence of the Body and Blood of Our Lord Jesus Christ in the Blessed Eucharist Proved From Scripture (Вистинско присуство на Христовото тело и крв во светата причест докажано со Библијата); како и Catholich Encuclopedia, (Католичка енциклопедија), art. „Euchartist” (Причест) contributed by J. Pohle. S.T.D., Breslau; Canons and Decres of the Concil of Trent (Канони и декрети на Трентскиот собор). sees 13, chs. 1 - 8 (London ed., 1851. tr. by T. A. Buckley, pp. 70-79; K. R. Hagenbach, Compendium of the History of Doctrines (Преглед на историјата на учењата), vol., 1, pp. 214-223, 393-398, and vol. 2 pp. 88-114; J. Kalvin, Institutes,  b. 4, chs 17. 18; R. Hooker Ecclesiastical Polity (Цркoвно владеење), b. 5, ch. 67. chas. Elliott Delineation of Roman Catholicism (Опишување на римокатолицизмот), b. 2, chs. 45.

Страна 65. - ВАЛДЕНЖАНСКИ ПРЕВОД НА БИБЛИЈАТА. - За доказ дека Валденжаните меѓу првите превеле делови од Библијата на народен јазик, види: Townley, Illustrations of Biblical Literature (Разјаснување на Библиска литература), vol. 1, ch 10, pars. 1-13; E. Petave, Bible in France (Библијата во Франција), Paris ed., 1864, ch. 2, pars. 3, 4, 8-10, 3, 21; G. H. Putnam, The Censorship of the Church of Rome (Цензура на Римокатоличката црква) vol. 2, ch. 2.

 

Страна 77. - ЕДИКТ ПРОТИВ ВАЛДЕНЖАНИТЕ. - Во овој поглед достоен за внимание е дел од текстот на папската була која против Валденжаните ја издал папата Иноќентие VIII во 1487. година. Оригиналниот документ се чува во Универзитетската библиотека во Кембриџ, а превод на Англиски јазик е објавен во Dovling's History of Romanism (Историја на римокатолицизмот), ed., 1871. B. 6, ch. 5, sec. 62.

Страна 85. - ВИКЛИФ. - За оригиналниот текст на папската була против Виклиф, со превод на англиски, види: J. Foxe, Acts and Monument (Дела и споменици), Pratt Townsend ed., London, 1870, vol. 3, pp. 4-13. Види исто така: J. Lewis, History of the Life and Suffernig of J. Wyclife (Историја за животот и за страдањата на Џон Виклиф). ed. 1820, pp. 49-51, 305-314; Lechler, John Wyclife and his English Precvrsors (Џон Виклиф и неговите претходници во Англија), ch. 5 sec. 2 (London ed., 1884, tr. by Lorimer, pp. 162-164); A Neander, General History of the Chrisian Religion and Church (Општа историја на христијанската религија и црква), period , sec. 2, pt. 1, par. 8.

Страна 86. - НЕПОГРЕШЛИВОСТ НА ПАПАТА. - За учењето за непогрешливоста на црквата и папата, види: Catholic Encyclopedia, art, „Infallibility" (Католичка енциклопедија, чл. „Непогрешивост”), contributed by P. J. Turner, S. T. D.; Geo Salmon, The Infallibility of the Church (Непогрешливост на црквата); Chas. Elliot, Delineation Roman Catholicism (Опишување на римокатолицизмот), b. 1, ch. 4; Cardinal Gibons, The Faith of Our Fathers (Верата на нашите татковци) 49 th ed., 1897, ch. 7.

Страна 103. - ПРОШТАЛНИЦИ. - Види ја забелешката на 59. страница.

Страна 104. - СОБОРОТ ВО КОНСТАНЦА. - За свикување на соборот во Констанца кој, на барање на императорот Сигисмунд, го спровел папата Јован XXIII, види: Mosheim, Institutes of Ecclesiastical History (Историја на црковните институции), b. 3, cent. 15, pt. 2, ch. 2, sec. 3; J. Dowing, The History of Romanism (Историја на римокатолицизмот), b. 6, ch 2, par. 13; A Bower, History of the Popes (Историја на папството), London ed., 1766, vol. 7, pp. 141-143; Neander, General History of the Christian Religion and Church (Општа историја на христијанската религија и црква), period 6, sec. 1. (1854, 5. Vol. Ed., tr. by Torrey, vol. 5, pp. 94-101).

Страна 234. - ЕЗУИТИ. - Податоци за потеклото, начелата и целите на „Исусовото друштво”, како што се нарекувале членовите на овој ред, е даден во делото на John Gerard под наслов Concerning Jesuits (За Eзуитите), објавено во Лондон во 1902. година, во издание на Catholic Truth Society (Католичкото здружение вистина). Во тоа дело стои дека „основна карактеристика на целата организација на Друштвото е духот на апсолутната послушност”. „Нека секој поединец се увери”, пишува основачот на редот Свети Игнацие Лојола, „дека сите оние што живеат во послушност мора да бидат водени и насочувани со делата на Божјото провидение, преку своите надредени, толку целосно и без противење, како да се мртво тело кое други можат да го носат каде и да посакаат и да прават со него што и да посакаат, или како алатки на некој старец кој му служи на оној кој ги има во рака на секој можен начин во согласност со неговата волја“.

„Таквото потчинување е облагородено со своите побуди и треба да биде”, продолжува основачот на редот, „непоколебливо, радосно и постојано... Радосното и послушното извршување на верските должности што на некого му се доверени од страна на претпоставените за општо добро, е сигурен знак дека на тој начин стапува во хармонија со божествената волја” - The Comtesse R. de Courson, in Concerning Jesuits p. 6.

Од сите орудија, со кои се служело папството во борбата против реформацијата, најстрашни биле езуитите. Основачот на езуитскиот ред е Игнацие Лојола (1491-1556). Главна цел на езуитите била со сите средства да се борат против протестантизмот како свој најголем непријател. Особено настојувале да ги земат училиштата во свои раце, за да можат да ги воспитаат младите поколенија во духот на римокатолицизмот.

Страна 235. - ИНКВИЗИЦИЈА. - Види: Catholic Encyclopedia, art. „Inquisition" (Католичка енциклопедија, чл. „Инквизиција”) (Contributed by J. Blotzer, S. J., Munich); H. C Lea, History of the Inquisition in the Middle Ages (Историја на инквизицијата во Средниот век), Limborch, History of the Inquistion (Историја на инквизицијата), vol. 1, b. 1, chs. 25, 27-31 London ed., 1731, tr. by S. Chandler, vol. 1, pp. 131-142, 144-161; L. von Ranke, History of the Popes (Историја на папството), b. 2, ch. 6.

Страна 265. - ПРИЧИНИ ЗА ФРАНЦУСКАТА РЕВОЛУЦИЈА. - За далекусежните последици од отфрлањето на Библијата и библиската религија во Франција, види: H. von Sybel, History of the French Revolution (Историја на француската револуција), b. 5, ch. 1, pars. 3-7; H. T. Buckle, History of Civilisation in England (Историја на цивилизацијата во Англија), chs. 8, 12 (New York ed. 1895, vol. 1, pp. 364-366, 369-371, 437, 540, 541, 550); Blackwood's Magazine, vol. 34, No, 215 (November, 1833, p. 739); J. G. Lorimer, An Historical Sketch of the Protestant Church in France (Кратка историја на Протестантските цркви во Франција), ch. 8 pars. 6,7.

Повеќето историчари со право мислат дека причините за Француската револуција се наоѓаат во свирепото постапување на дворецот и католичкиот клер кон Божјото слово.

Страна 266. - ПРОРОЧКИ ДАТУМИ. - Види: Забелешка на 329. стр.

Страна 267. - НАПОРИ, БИБЛИЈАТА ДА СЕ ПОТИСНЕ И УНИШТИ. - Во врска со долготрајните напори што се преземени  во Франција за да се потисне Библијата, особено на народниот јазик, Gausen вели: „Едиктот издаден во Тулуз во 1229. година со кој е воведен инквизициски суд против оние кои Библијата ја читаат на јазикот на обичниот народ... бил едикт на клада, крвопролевања и пустошења. Во своето трето, четврто, петто и шесто поглавје, тој пропишува целосно уништување на куќите, на најскромните живеалишта, па дури и на подземните скривалишта на оние кои се обвинети за поседување на Библијата. Тој наредува дека таквите треба да се прогонуваат по шумите и по земните пештери, па дури и за оние што ги кријат предвидува најстроги казни”. Како резултат на тоа што „Библијата насекаде била забранета, таа потполно исчезнала како да се спуштила во гроб”. Со овој едикт „настапиле петстотини години на тешко прогонство и безбројни казнувања во кои крвта на мачениците течела како вода” - L. Gausen, The Canon of the Holy Scripture (Канон на Светите списи), pt. 2, ch. 7, sec. 5, prop. 561; and ch. 13, sec. 2, prop. 641, par. 2.

За посебните напори да се уништи Библијата во текот на владеењето на теророт, по 1793. година, Dr. Lorimer вели: „Секој кај кого била пронајдена Библијата, бил прогонуван и мачен до смрт, и тоа било толку многу што многу уважени коментатори погубувањето на двајцата сведоци претскажано во единаесеттото поглавје на Откровението го толкуваат како сеопшто потиснување, па дури и уништување на Стариот и Новиот завет во Франција во тоа време” - J. G. Lorimer, Sketch of the Protestant Church in France ( Кратка историја на Протестантската црква во Франција), ch. 8, pars. 4,5.

Види исто така: G. P. Fisher, The Reformation (Реформација), ch. 15, par. 16.; Petavel, The Bible in Ftance (Библијата во Франција), Paris, 1864, ch. 2, pars. 3, 8-10, 13, 21; G. H. Putnam, The Censorship of the Church of Rome ( (Цензура на Римокатоличката црква ) vol. 1, ch. 4 (1906 ed., 97, 99, 101, 102); vol. 2, ch. 2, pp. (15-19); S. Smiles, The Hugenots: Their Settlements, Churches, and Industries (Хугеноти: нивните населби, цркви и трудољубивост), ch. 1, pars. 32, 34; ch. 2, par. 6; ch. 3, par. 14; ch. 18, par. 5; S. Smiles, The Hugenots in France After Revolution (Хугенотите во Франција по Револуцијата), ch. 2, par. 8; ch. 10, par. 30; ch. 12, pars. 2-4; J. A. Wylie, The History of Protestantism (Историја на протестантизмот), b. 22, ch. 6. par. 3

Страна 276. - ВЛАДЕЕЊЕТО НА ТЕРОР. - За одговорностите на црковните и државните водачи, а особено за сцените за време на Француската револуцијата, види: W. M. Sloane, The French Revolution and Religius Reform (Француската револуција и реформата на религијата), Предговор, ch. 2, pars. 1,2, 10-14 (1901 ed., pp. 7-9, 19, 20, 26-31, 40); P. Schaff, in Papers of the American Society of Church History, vol. 1, pp. 38,44; S. Smiles, The Hugenots in France After the Revocation (Хугенотите во Франција по отповикувањето), ch. 18, pars. 4,6,9,10, 12-16, 27; J. G. Lorimer, An Historical Sketch of the Protestant Church in France (Кратка историја на протестантските цркви во Франција), ch. 8, pars. 6,7; A. Galton, Church and State in France (Црквата и државата во Франција), 1300-1907, London ed., 1907, ch. 3, sec. 2; Sir J. Stephen, Lectures on the History of France (Предавања за историјата на Франција), lecture 16, par. 60.

Страна 280. - ОБИЧНИОТ НАРОД И ПРИВИЛЕГИРАНИТЕ СТАЛЕЖИ. - За состојбата во општеството која преовладувала во Франција во периодот пред Револуцијата, види: H. Von Holst, Lowell Lectures on the French Revolution, lecture 1; види исто така: Taine, Ancient Regime (Стар режим); and A. Young, Travels in France (Патувања по Франција).

 

Страна 283. - ОДМАЗДА. - За повеќе детали во врска со одмаздничкиот карактер на Француската револуција види: Thos. H. Gill, The Papal Drama (Драма на папството), b. 10; E. de Pressense, The Church and the French Revolution (Црквата и Француската револуција), b. 3, ch. 1.

Страна 284. - УЖАСИТЕ ВО ТЕКОТ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ТЕРОРОТ. - Види: M. A. Thiers, History of the French Revolution (Историја на Француската револуција), New York, ed., 1890, tr. by F. Shoberl, vol. 3. pp. 42-44; 62-74, 106; F. A. Mignet, History of the French Revolution (Историја на Француската револуција), Bohn ed., 1894, ch. 9, par. 1; Sir Archibald Alison, History of Europe, From the Commencement of the French Revolution to the Restoration of the Bourbons (Историјата на Европа од почетокот на Француската Револуција до повторното воспоставување на бурбонската династија), vol. 1, ch. 14 ( New York ed., 1872, 1, pp. 293-312).

 

Страна 287. - ШИРЕЊЕ НА СВЕТОТО ПИСМО. - Во извештајот на м-р Вилијам Кантон, претставник на Британското библиско друштво, од 1804. година вкупниот број на „сите Библии што постојат во светот, пишувани со рака или печатени, сметајќи ги сите преводи на различни јазици, е проценет на нешто повеќе од четири милиони примероци... Бројот на различни јазици на кои се напишани овие четири милиони Библии, вклучувајќи ги и веќе одамна исчезнатите јазици, како што е Moeso-Gothic of Ulfilas или Англо-саксонскиот Беде, се искачува на околу педесет“ (What Is the Bible Society? Rev. ed., 1904, p. 23).

Американското библиско друштво известува за дистрибуција на 481.149.363 Библии, Нови завети или делови на Новиот завет во период од 1816 до 1955 година. Кон тоа треба да се додадат повеќе од 600 милиони Библии или делови од Библијата кои ги пратило Британското друштво. Во текот на 1955 година само Американското библиско друштво вкупно по цел свет пратило 23.819.733 Библии, Нови завети или делови на Новиот завет.

Библијата цела или во делови, до декември 1955 година е печатена на 1.092 јазика, а постојано се придодаваат нови јазици.

Страна 288. - СТРАНСКИ МИСИИ. - Во својата Историја на христијанската црква, во поглавјето „Христијански мисии”, dr. G. P. Fišer го опишува почетокот на мисионерското движење кое во „последните години на осумнаесеттиот век најавило брилијантна ера на мисионерски активности, ера каква во историјата на мисионерството е забележана само во првите векови на христијанството”. Во 1792. година е основано Баптистичкото мисионерско друштво на чело со Кареј, како прв мисионер. Кареј отпловил во Индија и таму, со помош на останатите членови на истото друштво, основал мисија во Сингапур, во провинцијата Бенгал. Во 1795. година основано е Лондонско мисионерско друштво; во 1799. година основана е организација која во 1812. година станала Црковно мисионерско друштво. Наскоро после тоа било основано и Веслиевото мисионерско друштво. „Мисионерската активност која растела во Велика Британија ги инспирирала со иста ревност и христијаните во Америка. Во 1912. година во Америка е основано Застапништво на странски мисии, а во 1914. година и Американско баптистичка мисионерска унија. Adoniram Xadson, еден од првите мисионери кој тргнал од Америка, пловел во 1812. година кон Калкута и во јули 1813. година стасал до Бурма. Во 1837. година е формиран и Презвитерјанскиот одбор - Види: Fisher, History of the Christian Church (Историја на христијанска црква), per. 9 ch. 7, par. 3-25. Dr A. T. Pirson во една статија објавена во списанието „Misionary review of the World” (Мисионерски преглед), за јануари 1910. година, кажува: „Пред половина век Кина и Манџурија, Јапонија и заспале - овие осамени народи со векови биле заклучени во ќелиите на одвоеност и исклученост. Централна Азија била релативно неистражена, како и Централна Африка. Во многу земји долгата сатанска окупација воопшто не била оспорувана и неговото владеење со ништо не било вознемирувано. Папските земји покажале иста нетрпеливост кон евангелието како и паганските; Италија и Шпанија ги затворале сите оние кои се осмелувале да продадат некоја Библија или да го проповедаат евангелието. Франција се оддала на неверувањето, а Германија ја проникнал рационализмот; и на голем дел од полето, вратите за мисионерство помалку или повеќе биле затворени и заклучени со строгата исклучителност и со класниот систем. Сега на сите страни настанала забележителна и радикална промена, така што оној што одеднаш би дошол од средината на минатиот век, сега не би го препознал светот. Оној што ги држи клучевите од двокрилната врата ги отклучил и ги отворил сите земји за гласниците на крстот. Дури и во самиот Рим, на чијашто врата посетителот пред половина век не можел да ја внесе Библијата, сега постојат протестантски капели и Светото Писмо слободно се шири.”

Страна 329. - ПРОРОЧКИ ДАТУМИ. - Историските и хронолошките факти што се однесуваат на пророчките периоди од осмото и деветтото поглавје на Даниеловата книга, вклучувајќи ги сигурните докази кои укажуваат дека 457. година пред Христа е појдовна точка од која треба да почне пресметувањето на овие периоди, јасно се изнесени од истражувачите на пророштвата. Види: Stanley Leathes, Old Testament Prophecy (Предавања за пророштвата на Стариот завет), ectures 10, 11 (Warburton Lectures for 1876-1880); W. Gode, Ful-filled Prophecy (Исполнето пророштво), sermon 10, including Note A (Warburton Lectures for 1854-1858); A. Thom, Chronology of Prophecy (Хронологија на пророштвата), London ed. 1848, pp. 26-106; Sir Isaac Newton, Observations Upon the Prophecies of Daniel, and the Apocalypse of St. John (Видувања од пророштвата на Даниел и од Јовановото Откровение), ch. 10 (London ed., 1733, pp. 128-143); Uriah Smit, Thoughts on Daniel and the Revelation (Мисли за Даниел и Откровението), pt. 1, chs. 8, 9.

За датумот на Христовото распнување, види: Wm, Hales, Analysis of Chronology (Анализа на хронологијата), 2d London ed., 1830, vol. 1, pp. 94-101; vol. 3, pp. 164-258.

Страна 335. - ПАДОТ НА ОТОМАНСКАТА ИМПЕРИЈА. - За понатамошни подробности во претскажувањето на падот на Отоманската империја во текот на август 1840. година, види: J. Litch, The probability of the Second Coming of Christ About A. D. 1843. (Веројатноста на второто Христово доаѓање околу 1843.), published in june, 1838: J. Litch, An Addres to the Clergy (Повик до свештенството), published in the Spring of 1840; второто издание со историски датуми во прилог на точноста на поранешното пресметување на пророчкиот период кој се протега до падот на Отоманската империја, објавено е во 1841. година, the Advent Shield and Review (Адвентен штит и преглед), vol. 1, (1844.), No, 1, art. 2, pp. 56, 57, 59-61; J. N. Loughborough, The Great Second Advent Movement (Второто големо адвентно движење), 1905 ed., pp. 129-132; J. Litch, article in Sings of the Time, and Expositor of Prophecy (статија во списанието Знаци на времето и Објаснување на пророштвото) Aug. 1,1840. Види исто така: исто списание од 1. февруари 1841.

Страна 340. - ОДЗЕМАЊЕ НА БИБЛИЈАТА ОД НАРОДОТ. -За однесувањето на Римокатоличката црква кон ширењето на Светото Писмо на мајчин јазик меѓу лаиците, види: Catholic Encyclopedia, art. „Biblia" (Католичка енциклопедија, стат. „Библија”); G.P.Fisher, The Reformation (Реформација), ch. 15, par. 16 (1873 ed., pp. 530-532); J. Cardinal Gibbons, Faith of Our Fathers (Вера на нашите татковци), ch. 8, 49th ed., 1897, pp. 98-117, J. Dowling, The History of Romanism (Историја на римокатолицизмот) b. 7, ch. sec. 14. and b. 9, ch. 3, sec. 24-27 (1871. ed., pp. 491-496, 621-625); L. F. Bungener, History of the Council of Trent (Историја на Тридентскиот собор), 2d Edinburgh ed., 1853, tr. by D. D. Scott, pp. 101-110; G. H. Putnam, Books and Their Makers During the Middle Ages (Книгите и нивните автори во текот на Средниот век), vol. 1, pt. 2, ch. 2, pars. 49, 54-56.

Страна 373. - ОБЛЕКА ЗА ВОЗНЕСЕНИЕ. - Приказната дека Милеровите адвентистите во 1844. година направиле облека во која ќе се вознесат „да се сретнат со Господ во воздухот” (1. Солунјаните 4:17), ја измислиле оние што сакале да ги изложат на потсмев и на срам. Оваа приказна е ширена толку упорно што мнозина поверувале во неа, но внимателните истражувања покажале дека тоа било лага. Со години им е нудена голема награда на оние кои ќе пронајдат доказ дека такво нешто навистина се случило, но таков доказ никој не можел да пронајде. Ниту еден од чекателите на Христовото доаѓање не бил во такво големо незнаење на библиските текстови за да смета дека му е неопходна таква облека. Единствена облека која ќе им биде потребна на светите за да можат да се сретнат со својот Господ при Неговото доаѓање, е облеката на Христовата праведност. Види: Исаија 61:10; Откровение 19:8!

Страна 374. - ХРОНОЛОГИЈА НА ПРОРОШТВАТА. - Dr. Georges Buch, професор по Еврејска и ориентална литература на Њујоршкиот универзитет, во писмото упатено до Вилијам Милер, дал некои важни изјави и ја одобрува неговата пресметка на пророчките времиња. Тоа писмо е објавено во „Advent Herald, and Sings of The Times Reporter” (Адвентен гласник и Знаци на времето), во Бостон на 6. и 13. март во 1844. година. Споменатиот професор во тоа писмо напишал: „Според мое мислење, не би требало да ви се приговара ниту вам ниту на вашите пријатели што сте посветиле  толку време и внимание за проучување на хронологијата на пророштвата, и што многу сте се труделе да го одредите почетокот и крајот на овој голем пророчки период. Ако тие периоди во пророчките книги навистина се дадени од Светиот Дух, тогаш без никаков сомнеж се дадени со цел луѓето да ги проучуваат и, веројатно, најпосле во целост и да ги сфатат; и никој никого не би требало да осудува за глупост што побожно се обидел тоа да го постигне... Земајќи го денот како пророчки симбол за година, мислам дека на своја страна имате здрава егзегеза, но и поддршка од големите имиња, како што се Меде, Исак Њутн, бискупот Њутн, Кирби Скот, Кејт и чета други кои веќе пред многу време ги подржале вашите заклучоци. Сите тие се согласуваат дека значајниот период, спомнат во пророштвата на Даниел и Јован, навистина ќе истече во ова време на светската историја, и би било нелогично да ви се припишува ерес затоа што имате исти погледи кои толку ги истакнуваат овие истакнати личности.“ „Вашата грешка, според мое мислење, е во нешто друго, а не во вашата хронологија.“ „Вие сте погрешиле само во природата на настаните што треба да се случат кога ќе истече овој временски период. Мислам дека поради тоа вашите толкувања се изложени на напади.“

Страна 399. - ПРОРОЧКИ ДАТУМИ. - Види: Забелешка на 329. страна.

Страна 435. - ТРОЈНАТА АНГЕЛСКА ВЕСТ. - Во Откровение 14:6,7. претскажано е објавувањето на првата ангелска вест. Пророкот потоа продолжува: „И друг ангел се појави по него, велејќи: „Падна, падна Вавилон... И трет ангел по него наиде, зборувајќи со висок глас“. Овде употребениот израз „по него” значи, „оди заедно со него“, „го следи”, „го придружува“. Тоа е истиот израз што го наоѓаме во Марко 5:24: „И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа”. Овој израз исто така е употребен и во Откровението кога станува збор за сто четириесет и четири илјади откупени, „тие се оние што го следеа Јагнето каде и да оди” (Откровение 14:4). Од наведените цитати јасно се гледа дека да следиш некого значи да одиш заедно со него. Во 1. Коринтјаните 10:4 читаме дека Израелевите синови „пиеја исто духовно пиење; зашто пиеја од духовната карпа, што ги придружуваше”. Од ова можеме да заклучиме дека мислата изразена во Откровението 14:8,9. не значи само дека втората и третата ангелска вест временски следуваат една по друга, туку и дека се надоврзуваат една со друга и одат заедно. Овие три вести всушност се една тројна вест. Три се три само по редоследот на своето настанување, се мисли на почетокот на нивното објавување. Меѓутоа, откако се појавиле, тие одат заедно и се неразделни.

Страна 447. - ДРСКИ БАРАЊА НА ПАПСТВОТО. - Некои од најистакнатите барања на папската дрскост во поглед на менувањето на божествените прописи, се опишани во Mosheim's Institutes of Ecclesiastical History (Историја на црковните институции), cent. 2, pt. 2, ch. 4, secs. 9-11. Види исто така: G. P. Fisher, History of the Christian Church (Историја на христијанската црква), per. 2, ch. 2, pars. 11-17 (1890 ed., pp. 56-58); Gieseler, A Compendium of Ecclesiastical History (Преглед на црковната историја), New York ed., 1836, tr. by F. Cunningham, per. 1, div. 3, ch. 4, sec. 66, par. 3, including note 8; J.N. Andrews, History of the Sabbath (Историја на саботата) 3d ed., rev. pp. 276-279.

Страна 578. - АБИСИНСКАТА (ЕТИОПСКА) ЦРКВА И САБОТАТА. - За празнување на библиската сабота во Абисинската црква, види: Dean A.P. Stanley, Lectures on the History of the Eastern Church (Предавања за историјата на Источно - православните цркви), lecture 1, par. 15 (New York ed., 1862, pp. 96,97); Michael Geddes, Church History of Ethiopia (црковна историја на Етиопија), pp. 87.88. 311.312; Gibbon, The History of the Decline and Fall of the Roman Empire (Историја на паѓањето и пропаѓањето на Римската империја), ch 47, pars. 37-39; Samuel Gobat, Journal of Three Years Residenal in Abyssinia (Дневник за тригодишното престојување во Абисанија), New York ed., 1850 pp. 55-58, 83.93.97.98; A. H. Lewis, A Critical History of the Sabbath and the Sunday in the Christian Church (Критичка историја за саботата и неделата во христијанската црква), 2d., ed., rev., pp. 208-215.

Страна 581. - НАРЕДБИТЕ НА ГРГУР. - (Dictates of Hildebrand) - види забелешка на 57. страна.